Груевски има унгарско државјанство врз основа на „унгарски државен интерес“ од 2022 година, тврди истражувачки портал

t

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој од 2018 година живее во Унгарија, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година врз основа на „унгарски државен интерес“, објавува истражувачкиот портал ВиСквер (VSquare), повикувајќи се на извори од унгарската влада.

Според објавата, Груевски најверојатно сè уште се наоѓа во Унгарија, а неговиот статус е значително посигурен од статусот на други политички азиланти кои добиле заштита од претходната власт на Виктор Орбан.

„Унгарски владин извор потврди дека Никола Груевски добил целосно унгарско државјанство во 2022 година поради ‘унгарски државен интерес’. Според друг владин извор, се верува дека тој и натаму е во Унгарија“, наведува ВиСквер.

Порталот посочува дека државјанството претставува многу посилна правна заштита отколку политичкиот азил, бидејќи азилот може да биде одземен, додека одземањето државјанство е значително посложена постапка.

Според анализата на ВиСквер, за да му биде одземено државјанството, би требало да се докаже дека било стекнато со измама или корупција.

Груевски избега од Македонија во ноември 2018 година, непосредно пред да започне со издржување на двегодишната затворска казна во предметот „Тенк“, поврзан со набавката на луксузен блиндиран „мерцедес“. Потоа преку Албанија, Црна Гора и Србија стигна во Унгарија, каде што доби политички азил.

Во текстот се наведува и дека унгарската влада не одговорила на барањето за коментар во врска со информациите за државјанството на Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автобус од Полска излета од пат во…

Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се…

(Фото) Цариници спречија шверц на злато вредно…

Цариниците на граничниот премин Хоргош спречиле обид…

Судијата што се спротивстави на Орбан е…

Важи за еден од најценетите унгарски правници,…

Бака ја прифати номинацијата за претседател на…

Андраш Бака (73) ја прифати номинацијата на…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…