Груевски: Нека Пресвета Богородица ја заштитува Македонија и нека донесе здравје, среќа и порадосни моменти за сите
Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук сподели честитка за денешниот голем христијански празник, Успение на Пресвета Богородица.
– Денес е празникот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица — еден од најзначајните христијански празници кај православните, католиците и протестантите, посветен на земската смрт на Марија, мајката на Исус Христос.
Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот Марија (на арапски Мариам) е една од најпочитуваните жени.
Таа се спомнува повеќе пати во Куранот и е единствената жена по име спомената во исламската света книга. Според исламот, Марија била чиста и богобојазлива жена, избрана од Бог за да роди пророк, Иса (Исус), без маж. Куранот нагласува дека нејзиното зачнување било чудо и дека нејзиниот син, Иса, бил роден од неа преку Божја волја.
Пресвета Богородица е една од ретките личности кои се почитувани и во христијанството и во исламот, што ја прави важна фигура надвор од христијанските граници, пред сѐ во дијалогот помеѓу овие две религии.
Од 2007 година овој ден е и државен празник и неработен ден во Македонија.
Во христојанството Пресвета Богородица освен како Мајка на Исус Христос, почитувана како централната и сакана фигура на христијанската вера, и најзначаен светец, таа е и симбол на чистота и послушност кон Божјата волја. Нејзината одлука да го прифати Божјиот план, и покрај можните општествени и лични последици, ја прави модел за верниците во христијанството.
Зачната без “првороден грев” и земена на небото со телото и душата (успението на Пресвета Богородица), во православната црква, е нешто што исто така ја воздигнува Пресвета Богородица над сите сведоци.
Нејзината улога е и како застапничка и мајка на верниците.
Сето ова, култот на Пресвета Богородица го направил инспирација за многу уметнички дела, песни и молитви, и таа е централна фигура во многу верски празници, како што се Рождевство, Благовештение и Успение на Пресвета Богородица.
Нека е честит празникот, нека Пресвета Богородица ја заштитува Македонија и нека донесе здравје, среќа и порадосни моменти за сите и за Македонија!
Честит именден на сите кои денес го слават. – напиша Груевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…