Груевски објави статус за Сорос: Toj ja рушеше мојата Влада

t

Она што го знаевме, сега самите Американци почнаа да го објавуваат во време на смена на режимот во Вашингтон.
Дека државната агенција УСАИД под водство на демократите му давала милиони долари пари на Сорос за рушење на владата која ја предводев во Македонија и инсталирање друга влада.

Целите ги знаеме, бидејќи и видовме што се случи потоа.

Инструментот за тие цели кои очигледно покрај политички беа и од идеолошка природа, во моментот, и покрај тоа што повеќестрано ја има обезбедено својата неказнивост, за секој случај е на подолг “бизнис” престој од веќе пет месеци во Дубаи и повремено во други земји претежно во Азија, во еден вид превентивно бегство, како што очигледно советувал и на некои други нему важни сопартијци при остварување на криминалните шеми.

Можам само да претпоставам што би откриле ако детално ги проверат активностите на некои од нивните службеници во обвинителството во Македонија во тие времиња, во СЈО и судството во Македонија, како и за тоа како се местеле не посакуваните политичари на листите за санкции на САД.

Но не знам дали ќе одат толку длабоко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…