Груевски: Осудените за 27 април се ПОЛИТИЧКИ ОСУДЕНИЦИ, никој нормален не верува дека сакале да го ликвидираат Заев!

t

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска се огласи на Фејсбук по повод 27 април, во продолжение неговата објава:

Се ближи крајот на владеењето на СДСМ и констатацијата дека за време на целиот нивни мандат, од почеток и веројатно до нивниот крај, владеат со политички прогон врз голем број лица нивни политички неистомисленици.

Некои од нив се веќе неправедно осудени, други се малтретираат по судови, трети по притвори, некои со политички азили во три земји членки на ЕУ, некои во истраги, предистраги, претреси и слично.

Дел од процесите се водат во Скопје, дел низ градовите и судовите во внатрешноста на Македонија, но над 300 луѓе ставени на “листата за острел” на власта, уште при доаѓањето на се уште актуелната власт, доживуваат тешка тортура, која луѓето од власта (и не само од власта) спокојно ја следат и просто како да уживаат во неа.

Тоа се незрели и неуки луѓе кои не прочитале три книги од историја, па да знаат што сѐ се има случувано во вакви ситуации низ историјата, кога еден ден ќе разберат дека околностите вон нивна воља и желба, поприлично се промениле. Тоагаш е најчесто прекасно…

Веројатно најеклатантен пример е со осудените и оние кои се судат за настаните од 27. Април 2017 година, на кои во политички монтиран процес им одредија вина за непостоечка односно невистинита правна квалификација “тероризам” или попрецизно “терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност на државата”.

Во оваа прилика сакам да потенцирам дека секогаш се потенцира законскиот назив на кривичното дело, “Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата”.

И тоа е точно дека со таква квалификација се осудени, но не се потенцира дека се осудени за кривично дело ПРОТИВ ДРЖАВАТА, затоа што член 313 е предвиден во главата на кривични дела против државата и за нив се бара пред се’ ДОКАЖАНА намера за непријателска активност, делување од непријателски побуди.

Значи, се работи за политичко кривично дело “по книга”, “по учебник”, така што и “по книга” се осудени за непријателска активност против државата и теоретски, но и реално тие се ПОЛИТИЧКИ затвореници. Ова го напишав пошироко за да ја доловам поентата за официјални “де јуре” ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИЦИ “по книга” во 21 век, надвор од многуте “де факто” политички затвореници за кои се смислуваат разни други непостоечки обвиненија со лажни докази и уценети сведоци и обвинети за да се затворат, понижат и елеминираат од политичката сцена како потенцијални конкуренти оние кои се главен таргет на “листата за острел”.

Ги следам дел од луѓето во или околу власта и сваќам дека уште веруваат дека успешно ја лажат јавноста, односно дека им верува мнозинството од јавноста кога особено на овој ден се препелкаат и се обидуваат да убедат некој во нивните лаги, а не се свесни дека никој не им верува, освен најогнените нивни подржувачи кои најчесто не мислат со својата глава, туку само како хипнотизирани го превземаат и најчесто заради личен интерес, го говорат кажаното и наративот на нивните политички водачи и властодршци.

Никој друг нормален човек во Македонија и дијаспората не им верува дека осудените и обвинетите за настаните од “27 Април”, биле таму со цел да го ликвидираат Заев и неговата дружина инсталирана на власт со цел да извршат како што и самиот кажа редефинирање на државата, кое и го извршија во голема мерка, а на сметка на тоа очигледно им беше овозможено да прават огромен криминал паралелно со политичкиот прогон кон неистомислениците од ”листата за острел”.

Па потоа, според нивната пропаганда таа толпа народ кој со ретки исклучоци претходно немале никаков посериозен инцидент во животот, а уште помалку нешто што може да се поврзе со тероризам, биле со нив во една иста просторија повеќе од еден час, во нивна најнепосредна близина и како присутни неспоредливо во многу поголем број не посегнале да ги ликвидираат.

Ако сакале да ги убијат, ако тоа била целта и Органзиацијата, ќе дошле со оружје и со навежбан план, и можеле тоа да го направат за помалку од една минута, а не да го губат времето околу еден час во вербални довикувања и мал дел од нив во физички тепчачки кои наликуваа на улични тепачки какви што секој ден имало и има низ цел свет, за кои јасно е дека не се начин или форма на кој се вршат атентати и ликвидации на високи политичари или пак насилно превземање на власт со државен удар.

Каков е тој тероризам, да дојдеш без оружје за ликвидација, да бидеш во огромен број на два метра од лицата кои сакаат да не убедат дека биле цел на ликвидација и тероризам, да немаш никаков план и организација што да правиш по влезот во парламентот и цел еден час да си со нив кои го прекршија уставот и законите и да си покрај нив во таква атмосфера и да не ја завршиш работата за која си дошол?

Нема таков тероризам, како што очигледно луѓето кои влегоа во парламентот, вклучително и оние мал број кои направија насилство, ниту помислиле да ликвидираат некого, ниту влегле со таква цел, ниту пак имале некаков план или организација за присилно превземање на власта и државен удар. Поттикнати од неправдата која ја следеле преку социјалните мрежи влегуваат во парламентот сосема непланирано, независно на она несреќно отворање врати на двајца пратеници понесени од армосферата.

Ама ако квалификацијата за оние кој употребија физичка сила беше насилство, предвидената казна во законот е од 6 месеци затвор па до максимум 5 години затвор, а се што е до две години затвор може и логично е за вакви ситуации да се преименува во условна осуда, што практично значи воопшто да не одат во затвор доколку не го повторат делото во следните неколку години.

Затоа одлучија да ги обвинат и осудат за друга непостоечка квалификација.

Јасно е дека СДСМ дојде на власт да направи многу крупни национални остапки, да прави криминал и да владее со терор и со политички прогони и преку тој терор и прогони кон голем број поединци втерување страв кај поширокото граѓанство, слично како нивните претходници во комунизмот, да владеат што подолго.

Погледнете ја правдата денес, после овие шест години и помислете каква правда, односно неправда донесоа божемните жртви на 27. Април кој всушност со своите свесни постапки ги предизвикаа реакцијата на народот на протестот и инцидентите во собранието.

Настрана што помеѓу неправедно осудените се и невини припадници и службеници на МВР, за кои ноторен и познат е фактот дека во безбедносните структури се познати и докажани професионалци.

На чело на таа група професионалци е тогашниот директор за јавна безбедност а претходно министер за внатрешни работи Митко Чавков, кој иако не бил на работа бидејќи настанот е вон работното време, и бил во лични и приватни ангажмани како и секој човек после работното време, па сепак за една таква ситуација прилично брзо реагирал во правец на смирување на ситуацијата.

Но, малкумина знаат на пример зошто Митко Чавков е “на листата ја острел” на Заев.

Тој уште кога бил на високи позиции во МВР во неговиот роден град Струмица, далеку пред да добие повисоки позиции во Скопје, навлегол подлабоко и бил посветен на разоткривање, спречување и казнување на криминалите на кланот Заеви.

Во процесот на приватизацијата бил опфатен чичкото на Заев за злоупотреби во фирмата Агропромет. Тоа е во 1994 година и од тоа време според струмичани им се зачетоците во бизнисот. Тогаш ја купиле фабриката за цигли Еленица, ја отвориле штедилницата и го купиле најпрофитабилниот дел од ЗИК Струмица, оранжериите – Стакленици за раноградинарски производи.

Тогаш било покренато обвинение за злоупотреба.

За жал мафијашка та власт на СДСМ во деведесетите години од минатиот век, се погрижи со политичко правни чекори да им помогне на нивните пулени и сите случаи паднале во 1996 година, со донесувањето на кривичниот законик со кој директорите на општествени претпријатија ги иземаа од членот 353 Злоупотреба на службена должност. Демек не се службени лица.

Со тоа сите тие добиваат ФАКТИЧКА АМНЕСТИЈА, не само чичкото на Зоран Заев туку и сите директори кои учествувале во незаконска приватизација.

СДСМ во 1997 или 1998 год пак ја вратија одредбата за одговорност на директори во општествени претпријатија одкако ги “исчистија” нивните структури од можна одговорност, што беше основ по кој подоцна одговараа директори блиски до ВМРО – ДПМНЕ од 1998 до 2002 година.

Митко Чавков низ годините како истакнат професионалец во професијата напредувал.

Бил директор на криминалисточката полиција во Струмица, па началник за борба против организиран криминал во Скопје, па директор за јавна безбедност, па дури потоа добива политичко назначување како министер. Подоцна повторно е директор за јавна безбедност во време на владата пред избори, вклучително и во периодот кога се случува настанот на 27. Април 2017 година, популарно наречена “Пржинска влада”.

Карактеристично за него е што секогаш бил храбар во справувањето со криминалот и кланот Заеви го гледале како голем нивни непријател кој немало начин како да го придобијат.

Митко Чавков е на висока државна полициска функција за борба против криминалот, како началник за борба против организиран криминал и во времето на криминалниот случај “Глобал” во Струмица, и кланот Заеви и тоа го вбројуваат во неговите активности кои го загрозуваа нивниот бизнис честопати базиран на криминални активности.

Во време кога во 2015 година струмичкиот бизнисмен на кого му се бара мито од 1 евро од квадрат, за да му се заврши општинска услуга која му следува по закон, пријавил за истото во МВР, Митко Чавков ја извршува функцијата министер за внатрешни работи.

И тоа е во време кога тоа уредно пријавено криминално однесување, подоцна е видео и аудио документирано со наредба на судија, за кое исто така Заев со подршка на Кацарска која беше судија во процесот до пред самиот крај беше ослободен од обвинение и покрај еклатантните и очевидни законски прибавени докази.

Па наместо Митко Чавков да добие награда и јавно признание за долгогодишна посветеност на гонење на мафијата, како во криминален филм, водачот на мафијата доаѓа на власт, ја користи ситуацијата на 27. Април 2017 година и му доаѓа идејата дека ова е добра прилика и изговор да се одмазди и вечно да го острани еден од малкуте посветени и решени да ризикуваат во спроведување на правдата.

Така, во еден класичен мафијашки стил го елиминира оној кој со години му бил “зад петици” во кршењето на Законот и незаконското богатење нему и нему блиските, па преку поткупената со ветување висока функција судијка Добрила Кацарска, во која функција сега ужива, и во тоа време партиската обвинителка Вилма Русковска, е осуден на 18 години затвор, а судиите на повисоките судови притиснати од мафијашка власт ниту помислуваат да ја демаскираат шемата, туку колку за мало перење на сопствената совест само ја смалуваат казната на 16 години затвор.

Како може некој да очекува Македонија да излезе од канџите на мафијата и да оди напред, додека мафијата која доби власт врши прогон на оние кои работеле да се разоткрие криминалот на маријата?

Да, 27 април е не само немил настан кој се случи со директна и свесна провокација на власта преку најеклатантно кршење на уставот, правилата на парламентот и законите, провокација кон народот кој до тој момент 60 дена мирно протестираше во невообичаено голем број, туку и процес во кој имаше се што може да е дел од еден од најголемите судски монтирани процеси во историјата на Македонија, од судство и обвинителство со 3% доверба, контролирано од власта, чии водач претходно бил криминалец и се искупил со предавство на националните интереси, поткупени и уценети судии, партиски обвинители, лажни, односно лажно конструирани обвиненија со погрешна и лажна квалификација и со јасна намера неистомислениците и непослушните сурово да се казнат и прогонуваат.

Со лажни и уценети сведоци, со процес и судење по 10-15 часа на ден, без докази за квалификацијата со која се товарат и се осудија, со хистерична пропаганда на огромен број контролирани медиуми главно исто така со мафијашки методи.

И со една глупава верба дека победниците ја пишувале историјата, демек тие биле победниците па што и да одлучеле преку контролираните правосудни органи, тоа ќе била историјата, небаре станува збор за држави победници од светска војна а не бескорпулозни мафијаши и криминалци со моментална политичка моќ, не свесни дека во демократија (каква-таква) нема вечен победник, бидејќи има редовни избори и секогаш во вакви монтирани политчко судски процеси има доволно правни причини за повторување на постапките и рехабилитација на жртвите.

И секако несвесни дека еден ден многу лесно може да се случи улогите да бидат заменети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…

Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…

Раст на деловната активност во Еврозоната во…

Деловната активност на еврозоната растеше со најбрзо…

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…