Груевски се пофали со огромниот успех: Се соочивме со огромни блокади и притисоци, но успеавме да направиме реномиран Универзитет во Штип
Честито за универзитетот Гоце Делчев од Штип. Ја оправдаа довербата и пред се одлуката за негово основање, подршка и развој. Вредеше да се трпат сите критики и напади тргнувајки од седниците во парламентот и подоцна во повеќе прилики од дел од политичките конкуренти кои сметаа дека проектот за нов универзитет во Штип е лоша и погрешна одлука! Дека тоа ќе бил слаб провинциски универзитет кој нема да продуцира вредност и дека е потребна централизација, а не нови универитети во внатрешноста.
Честитки за сите други кои допринесоа за тоа, ректори, декани, професори, асистенти, вработени, но и студенти, министри, пратеници и иницијатори.
Првиот обид кога сеуште бевме опозиција во 2004/5 не помина во парламентот. Сеуште немавме мнозинство и неуспеавме да го убедиме СДСМ да даде подршка. Но во 2006/2007 година кога имавме мнозинство во парламентот патот веќе беше отворен и верувањето во програмата се реализира. Потоа работевме на негов разбој, брз развој. Понекогаш првиот ректор д-р Сашо Митрев кој одлично го водеше универзитетот знаеше на многуте мои неформални иницијативи да ми рече на само: “премиере да не брзаме премногу со развојот?” Веројатно во нешто и сме избрзале но генерално се направи одлична работа.

Сите добија од овој проект. Не само вработените и научните работници, туку пред се илјадници студенти но и градот Штип, градот уште повеќе заживеа со универзитетот, со слободната економска зона исо автопатиштата. Доби и цела источна Македонија. И цела Македонија како држава со една ваква институција која претходно не постоеше. Кога го основавме посакував и говорев дека меѓу другото треба да биде голема конкуренција на скопскиот универзитет Св. “Кирил и Методиј” бидејќи конкуренцијата е забрзувач на развојот на секого. Многумина ме гледаа чуено и со недоверба. Универитетот во Штип оддамна е сериозна конкуренција на сите универзитети во Скопје, а сега веќе и со потврда и меѓународно признание. Сите ние кои на еден или друг начин допринесовме за ова да се случи, имаме причина барем за момент да се почуствуваме горди. Но само за момент, бидејќи Македонија има уште многу да работи на поквалитетно видоко образование за да биде поконкурентна во европска и светки рамки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…
Имаше 69 години, а веста за неговата…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…
Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…
ЗНАМ не отстапува од својот став околу…
Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…
Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…
Терористот од Краков почина во болница
Михал Оксински, кој уби шест лица во…