Груевски со легендарното писмо од Даме Груев го одбележа денешниот ден
Предупредувачко и силно заканувачко кратко писмо на Даме Груев до Хилми Паша во септември 1903 година за можност за возвратен масакар кој веќе се правел од османслиска страна
In Meмoriam Даме Груев
По неуспехот на илинденското востание, односно во моментите кога се гледа неговиот крај, Османлиската империја превземала чекори кои долг период го тероризирале населението во Македонија и нивните акции не биле само во правец на сузбивање на комитските чети туку и кон цивилното население, убиства, палење куќи, силувања, грабежи и други малтретирања.
Од тие причини Дамјан Груев упатил едно легендарно писмо до Хусеин Хилми Паша (1859-1921), родум од селото Сарлица, на островот Лезбос, во тоа време Отоманска империја, со делумно грчко потекло, турски воен и државен деец, дипломат, генерален гувернер на Адана, Јемен, Мутесариф на Маан, главен инспектор на трите вилаети во Македонија, голем везир, министер и дипломат. Даме Груев му се заканил дека ако не запрат со зулумите врз недолжното население, четите на ВМРО ќе превземат одмазднички акции кон нивното население во Македонија и го потсетува на правилата на воената чест, но му најавува дека нема да го предадат оружјето и да се предадат.
******
бр.119 Писмо од Д.Груев до Хилми Паша за причините за Илинденско-Преображенското востание и инсистирање да се прекинат турските ѕверства врз цивилното население Б. м., [пред 30 септември 1903 година]
Паша ефенди,
Се обраќам кон Вас, не затоа што тоа ми е пријатно и нешто да варам од Вас- не даде Алах да побарам нешто од турски паша! – не, просто Ви препорачувам да обрнете внимание на моите зборови. Можам да ве уверам дека нема да ги повторам. Досега можевте да се убедите дека Македонците си го стојат на зборот, и Вам , Вам би ви следувало да ги научите од нас правилата на воената чест. Но, да не зборуваме за тоа што нема да биде. Да, знаевте дека општото востание е предизвикано по ваша вина. Вие и само вие сте виновни за сите ужаси и насилства направени по ваша наредба. Долго време страдаме и трпението се исцрпи. Ве предупредувам дека ако во септември не престанете со насилството, грабежите, масакрот на мирното не-мухамеданско население, тогаш ние, по волја на Семоќниот Творец, покорувајќи се на злата неопходност, ќе извршиме такви ужаси врз мухамеданското население на која ќе Ви се кренат влакната на главата. Вие можете да ги уверите претставниците на европските земји дека речиси го задушивте востанието, можете да кажете што било: можете да кажете сѐ: можете да кажете што сакате; но Вие никогаш нема да не убедите дека со поднесување и полагање на оружјето ќе имаме сигурност за нашите животи и имот. Јас веќе дадов наредба на низ цела Македонија по никаков начин да не ве слушаат и да ви веруваат, а кој ќе ве послуша ќе плати со животот. Затоа, вие сте должни да водите правилна војна со нас, бидејќи во спротивен случај ние ќе ги запалиме сите турски села и ќе ги истребиме нивните жители. Ние не очекуваме помош од Европа. Ние се надеваме со сопствени сили да ги уништиме вашите храбри војници, а можеби не е далеку часот кога сонцето на слободата ќе засветли над крвавата Македонија. До вашето именување ќе бевме задоволни со обични реформи, но сега нема да не купувате така евтино. Имајте в предвид дека нашите одреди се добро снабдени со потребните со доволно количество потребни работи и ние ќе можеме да се бориме со вас десетици години. Ако бурите го изненадија светот со нивната борба против Англија (станува збор за Англо-бурската војна, м.з), ние ќе го зачудиме уште повеќе. Јас кажав. Ваша работа е да верувате во моите зборови.
Објавено во „Отзив“, Софија, бр.553, 30 септември 1903 г., Д.Груев, Спомени, кореспонденција, стр.223., Даме Груев живот и дело втор дел, 2006, Софија
*****
Како што кажав Хусеин Хилми бил еден од најуспешните отомански администратори на експлозивниот Балкан на почетокот на 20 век, станувајќи Отомански генерален инспекторат на Македонија од 1902 до 1908 година, министер за внатрешни работи од 1908 до 1909 година и амбасадор во Австро-Унгарија од 1912 до 1918 година. Тој често се смета, заедно со Ахмет Риза бег и Хасан Фехми Паша , како еден од водечките државници кои го охрабрувале и пропагирале понатамошниот прогресивизам .
Тој започнал како службеник во отоманската државна структура и постепено се искачувал на скалата на хиерархијата, станувајќи гувернер на Адана во 1897 година и на Јемен во 1902 година, на балканските територии на Отоманската империја во тоа време, поточно во вилаетите Солун , Косово и Манастир(Битола) .
По револуцијата во 1908 година , тој бил назначен за министер за внатрешни работи, а потоа служел како голем везир , најпрвин помеѓу 14 февруари 1909 година и 13 април 1909 година, под Абдул Хамид II , а потоа, повторно преземајќи ја функцијата од Ахмед Тевфик Паша еден месец. подоцна, помеѓу 5 мај 1909 година и 28 декември 1909 година. Како таков, во неговиот прв везир, тој бил последниот голем везир на Абдул Хамид II . Неговиот прв мандат ненадејно бил прекинат поради инцидентот на 31 март (кој всушност се случил на 13 април), кога за неколку дена, реакционерните апсолутисти и исламските фундаменталисти ја вратилр контролата врз османлиската влада во Константинопол до доаѓањето на војската од Селаник , го потиснал обидот за контра удар.
По неговиот втор мандат како голем везир под Мехмед V , Хусеин Хилми Паша служел како министер за правда во последователниот кабинет на Ахмед Мухтар-паша . Во октомври 1912 година, тој бил испратен во Виена како отомански амбасадор во Австро-Унгарија , на функцијата што ја имал до крајот на Првата светска војна . Поради здравствени проблеми, тој останал во Виена до неговата смрт во 1922 година. Погребан е во Бешикташ , Истанбул .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА ГАРАНТИРА ЗА ПОШТЕНСКА…
Народната банка на Србија (НБС) излезе со…
ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите…
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница…
ФОКС ЊУЗ: САД РАЗГЛЕДУВААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ…
Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за продолжување…
Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…
Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…
Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…