Груевски со нова лекција за властите: Голема земјоделска берза во Македонија!

t

Поранешниот премиер Никола Груевски им одржа уште една лекција на властите, овојпат за земјоделството и состојбата со земјоделството во Македонија.

Објавата на Груевски ја пренесуваме во целост:

– Голема земјоделска берза во Македонија за елиминирање на манипулирани рушења на цени на земјоделските производи од мал број поединци

Не е случајно што многу земјоделци се откажуваат од работење земјоделство, а со тоа се намалува земјоделското производство и храна во Македонија, на сметка на увозот на храна. Среќна околност е што во мандатот на владата која ја предводев првпат се воспостави систем на субвенции ја земјоделците, кои секоја година растеа и во еден период достигнаа до речиси 150 милиони евра годишно што после големата инфлација во минатите години е еквивалент на износ кој е поголем од 200 милиони евра денес, систем кој претходно не постоеше, и чие рушење би бил голем политички проблем за власта, па тоа колку-толку ги одржува во живот земјоделците.

Решивме и други нивни проблеми и предизвици, но оние кои беа предвидени за мандатот од 2016 – 2020 година, новата власт без анализа ги отфрли, а како и за речиси се друго, нови не понуди.

Еден од проблемите за кои на изборите во 2016 година предвидовме решение за проблемите, малверзациите и манипулациите со рушење на цените во откупот на сезонските земјоделски производи беше создавање на една голема земјоделска берза на која ќе се насочи многу голем дел од понудата и побарувачката, па големината сама по себе би свела на минимум можности за манипулации со цените, особено што на таа берза свои канцеларии би отвориле, освен локалните откупувачи и многу други откупувачи од поширокиот балкански регион.

Секоја година се соочувавме и тоа се уште трае, со рушење на цените и сериозни ценовни кризи и дисбаланси во понудата и побарувачката, кога стасуваат за продажба некои производи. Земјоделците чести на крајот на откупот се фрустрирани и со прави незадоволни бидејќи откупувачите се договараат меѓу себе и применуваат не пазарни методи за рушење на цената, но тоа е можно само кога се малку откупувачи.

Па така уште во текот на нашиот мандат, понудивме многу подготвени за градба земјишта низ различни делови на земјата за градба на т.н. откупни центи, со ладилници и калибратори, кои би го продолжиле животниот век на производите до амортизирање на ценовниот шок.

Дел од нив се купија на јавно наддавање и се изградија, но за голем дел не се јави интерес, веројатно заради малиот пазар, тешкиот достап до кредити на земјоделците, бавното враќање на инвестицијата итн.

Затоа следна фаза беше државата да инвестира во повеќе такви помали откупни центри на различни локации, но и во една поголема земјоделска берза која ја нарековме “Агропазар Макеоднија”.

Агропазарот, односно бизнис-зоната Македонија е замислена како интегрирана зона лоцирана помеѓу Неготино и Демир Капија, во која на едно место ќе бидат сконцентрирани складишни центри, трговци и пакирни компании, како и други претставници на синџирот на набавка на свежи и преработени земјоделски производи. Државата би имала една поголема инвестиција во голем градежен објект, ладилници и друга опрема, а би оставила простор и за инвестиции од сличен тип на приватниот сектор во околината.

Зоната треба да овозможи собирање на свежото производство на Република Македонија и негова дистрибуција кон крајните потрошувачи во и надвор од државата.

Главни активности што ќе се нудат во зоната би биле: калибрирање, класирање, пакување и разладување, потоа берзанско определување на цена, утовар и дистрибуција на производите.

За ова се предвидува да биде изграден главен објект во мнозинско државна сопственост, а бизнисите што ќе бидат застапени во “Агропазар Македонија” ќе можат и самите да изградат свои капацитети или да изнајмуваат простор.

Со концентрација на производителите и откупувачите во поголем број на едно место, би се зголемил потенцијалот за достигнување на конкурентни и реални пазарни цени.

Така можноста за договорања и рушења на цените би се свела на минимум, а тоа е исклучително важно за производителите да го добијат заслужениот износ на надоместокот за својот труд од продажбата на нивните производи.

Како централен елемент на зоната ќе биде воспоставен оператор, односно аукциската куќа, која ќе ги организира наддавањата на производите. Сите позитивни искуства од држави каде ова успешно функционира би биле превземени, а негативните искуства на време оневозможени, а во реализацијата на проектот би се користел и искусен консултант кој веќе повеќе пати поминал низ создавање и функционирање на ваков објект и систем.

Продажбата во утринските часови би се вршела по принципот на негативна лицитација, почнувајќи од највисока, сè до постигнување на реалната пазарна цена на производот зависно од неговиот квалитет, понудената количина, бројот на купувачи и побаруваната количина.

Притоа зависно од движењето на цената во секој момент продавачите и купувачите би можеле да ги достават или повлечат нивните понуди за продавање или купување.

Предноста на аукцијата е што ќе има можност да се влијае на цената на одреден производ, а во насока на заштита на производителите. Имено, доколку на аукцијата има поголема понуда во еден ден, а недоволно побарувачи, тогаш складирањето на производот може да се продолжи на неколку дена или недели (за да не падне цената) и истиот производ да се понудил следниот ден или денови кога е предвидено тргување. На овој начин се овозможува регулација на цените на свежо овошје и зеленчук во текот на сезоната и амортизација на ценовните шокови во периодот на пазарни вишоци.

Со концентрација на производителите и откупувачите во поголем број на едно место, ќе се зголеми потенцијалот за достигнување на конкурентни и реални пазарни цени. Така можноста за договорања и рушења на цените се сведува на минимум, а тоа е исклучително важно за производителите да го добијат заслужениот износ на надоместокот за својот труд од продажбата на нивните производи.

Тоа е проект кој земјоделците го заслужуваат а владата е должна да им го направи. Од истиот би имале полза сите земјоделци и оние откупувачи кои не се служат со нечесни методи на рушење на цените. Тоа ќе биде добра финасиска поткрепа за земјоделците кои повеќе ќе заработат од произведеното и ќе бидат охрабрени да го зголемуваат своето произвоство, а многу други ќе се вратат или ќе започнат бизнис активности во земјоделската дејност.

ЛИНК од објавата на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во новиот мандат на СДСМ 1,35 милијарди…

СДСМ во новиот мандат обезбедува историски највисока…

Николовски: Нека е аирлија, рекордни 100 денари…

Денеска на сметките на околу 14.300 тутунопроизводители,…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Ковачевски: 750 милиони евра за земјоделците –…

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во Прилеп…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…