Груевски со нови историски докази: ЛЕОНАРД ГОТХЛИФ МАЗИНГ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, НАРОДНОСТ И ИСТОРИЈА КАКО ЗАСЕБНИ ВО 1890 ГОДИНА

t

ЛЕОНАРД ГОТХЛИФ МАЗИНГ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, НАРОДНОСТ И ИСТОРИЈА КАКО ЗАСЕБНИ ВО 1890 ГОДИНА

Многумина и денес го оспоруваат македонскиот јазик и нација во смисла на нивно постоење пред 1944/45 година.
Нивните теории се дека населението во Македонија говорело бугарски јазик, се чувствувале за етнички Бугари и наспроти тоа историјата била дел од бугарската историја.

Но дали навистина било така?

Враќајки се во 19. век, да видиме какви записи оставале странски филолози, историчари, интелектуалци и признаени и познати експерти за словенски јазици.

Леонард Готхилф Мазинг германски, Gotthilf Leonhard Masing; (1845 — 1936) е многу познат универзитетски професор, теолог, славист, индоевропеист, дијалектолог, акцентолог и автор на трудови од областа на македонскиот јазик. Мазинг по потекло бил дел од Балтичките Германци.

Бил вонреден професор по руски јазик и литература на Универзитетот во Дорпат, тогаш царска Русија која се до крајот на нејзиното постоење во 1917 година не прифаќала и не поддржувала создавање на автономна Македонија и ја поддржувала Бугарија во што е можно поголеми граници како своја сателит држава чија слобода и статус на кнежевство во 1878 година го извојувала токму Русија.

Денес градот Дорпат е во Естонија.

Подоцна станал и вонреден професор на катедрата за компаративна граматика на словенските дијалекти на Историско-филолошкиот факултет на јурирвскиот универзитет.

Одбранил три магистерски труда и два докторати.

Значи, ќе се согласиме дека не станува збор за било кој, туку за врвен интелектуалец и многу познат експерт во областа на јазиците, народите и нациите, особено словенските.

Магистрирал теологија во 1869 на Универзитет Империал Јуриевски (во Дорпат) а две години подоцна во 1879 година магистрирал и на Универзитет Царски Јуриевски (Дорпат) на тема руски јазик и словенска лингвистика. Во 1886 година магистрирал по компаративна лингвистика.

Првиот докторски труд го одбранил во 1876 Универзитет во Лајпциг, Германија, за акцентот на српскохрватскиот јазик.

Вториот докторски труд го одбранил во 1890 година и добил завање доктор по компаративна лингвистика. Веќе од 1880 година бил универзитетски професор.

Како славист со феноменален слух и знаење на над 50 јазици, тој во говорот на Македонците, што интензивно ги среќавал во Германија препознал одлики на создаден јазик, различен од другите словенски јазици и засебна народност и го проучувал македонскиот јазик како засебен од јазиците на соседните земји и народи.

Неговите дела за рефлексот на „тј“ и „дј“ од 1890 година и за македонскиот акцент од 1891 година дале поттик за натамошни македонистички истражувања.

Дел од неговите трудови се “Главните форми на српско-хорватскиот акцент. Во прилог на воведните коментари за теоријата на акценти, особено на грчки и санскрит”. Санкт Петербург, 1876 година; и За теоријата на звукот и акцентот на македонските дијалекти. Придонес кон критиката на истиот”. Санкт Петербург, 1891 година.

Токму во 1890 година, 54 години пред првото заседание на АСНОМ, 55 години пред да се кодификувани македонскиот јазик, три години пред основањето на МРО, кога веќе 12 години Бугарија е кнежевство, Србија и Грција се кнежевство исто така, а Македонија е се уште провинција под османлиска власт, кога веќе има три магистратури, два докторати и веќе 10 години е универзитестки професор, Мазинг како врвен истражувач и научник во областа кој во тоа време е во директна комуникација со многумина Македонци во Германија, познавач на македонската историја и политичко-општествена состојба во Македонија, во еден мултиетнички и мултиконфесионален дух, со еден наратив актуелен и денес, го запишал следното :

„Нашата татковина МАКЕДОНИЈА била некогаш една од најславните земји. МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ги турил првите темели на воената вештина. Со победничките фаланги на Александар Велики ја пренесол Аристотеловата просвета во внатрешноста на Азија и со тоа го цивилизирал човечкиот род…

Настапија критични дни за опстанокот на Македонија. Се решава нејзиниот живот или смрт. ЈУНАЦИ МАКЕДОНСКИ! Зар ќе оставите додека сте уште живи да се закопа вашата убава татковина? Погледајте ја разранета од отровните стрели на соседните народи коишто сакаат меѓу себе да ја расчеречат. Во таква очајна положба нашата драга мајка МАКЕДОНИЈА гледа на нас со очи полни со солзи и ни вика:

‘Ако сте навистина мои деца, ако во вашите жили уште тече МАКЕДОНСКА КРВ тогаш е подобро да загинете со мене отколку да останете живи сведоци на исчезнувањето на МАКЕДОНСКАТА НАРОДНОСТ. Не верувајте им веќе на интригите на соседните народи коишто работат само за мојата пропаст. Ви сте челад од мојата утроба, па макар зборувале турски, грчки бугарски, српски, романски, влашки или еврејски. Вие сте сите мои родени деца верувале вие во Мухамеда, Мојсеја или Исуса. Иако вие ги признавате за старешини едни папата, други шеих исламот, трети егзархот, четврти патриархот, петти рабинот, пак сте вие сите деца од од една иста мајка Македонија што плаче ден и ноќ, колнејќи ве да се смирите, да се сложите и да се побратимите. Зар не ќе се засрамите ако не расчеречат и разделат соседите кои зборуваат со односниот јазик, но кои се мои непријатели? Зар вие уште ќе им помогнете да ме закопаат в гроб, а со мене и славното име МАКЕДОНСКО? Ако тоа го нејќете, ако напротив сакате да ги залечите моите рани, а вие како вистински МАКЕДОНЦИ решете на знамето што денес го вијам да се напише: МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ, да живее неразделниот МАКЕДОНСКИ НАРОД)’

Од протоколот од последниот состанок на централниот силогос ‘Македонија на Македонците’ на кој е решено да се отпечати овој проглас на сите јазици на Македонија. ”

1890 година Леонард Готлиф Мазинг, Естонија/Руска империја

Документи за борбата…, том 1: 269-270; (Ђорђевић, В. Србија и Грчка, Београд, 1923: 94- 96.); Поопширно за силогосот: Зајковски, П. Гробарите на славната македонска нација. Македонско дело. Скопје, декември 1998: 7-9
“Македонци милениумски сведоштва…”

Б.Светозаревиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…