Груевски со честитка за Новата година: Бог секогаш има план за вас!
Во Новата 2024 година ви посакувам да сте здрави и среќни, а не само силни во справување со несреќите. Со среќа во себе која ќе ја пренесувате, и секој кој ви се приближува да си оди од кај вас подобар и посреќен.
И како што велеше Мајка Тереза, а сега во контекст на новата година: “дочекајте се едни со други со насмевка, бидејќи насмевката е почетокот на љубовта”.
Ви посакувам година полна со мали чуда, голема среќа и малку магија.
Година со поголема храброст да ги следите вашите соништа без страв, независно каква ви е сегашната состојба, бидејќи таа не одредува каде во иднина можете да одите, туку од каде започнувате.
Дури и ако мислите дека вака ви е добро, пробајте да го постигнете одличното!
Генијалниот Алберт Ајнштај одамна има кажано: „Животот е како возење велосипед. За да ја задржите рамнотежата, мора да продолжите да се движите“.
И не заборавајте: Бог секогаш има план за Вас!
Среќна нова 2024 година!
*Фејсбук статус на поранешниот премиер Никола Груевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…