Груевски сподели уште еден важен проект: Професионален земјоделски советник бидејќи совет за земјоделците е секогаш потребен

t

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук сподели уште еден од серијата текстови за политики кои претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ги започнаа или планираа, но актуелната власт ги укина или никогаш не ги спроведе.

Во продолжение објавата на Груевски за професионалните земјоделски советници.

– ПРОФЕСИОНАЛЕН ЗЕМЈОДЕЛСКИ СОВЕТНИК – СОВЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ СЕКОГАШ КОГА Е ПОТРЕБНО, ЗА ЗГОЛЕМЕНО ПРОИЗВОДСТВО И ПОКВАЛИТЕТЕН ПРОИЗВОД

Знаењето е важно во секоја област. Во денешно време кога технологиите и науката одат напред со огромна брзина, се чини дека тие бавно или воопшто не доаѓаат до македонските земјоделци. Всушност што попрво? Дали да се посветат на земјоделските работи кои бараат време и ангажман, потоа, складирање, сортираат, продажба итн или да читаат најнапредни техники и научни достигнувања во нивната област?

Некои од нив не се склони кон второто воопшто, а некои од нив немаат ни време ни можност, на пример не говорат англиски јазик за да може непречено да ги следат трендовите во светот.

А од тоа може да значи многу исходот на нивната работа и заработка, а со тоа и на вкупното земјоделско производство во земјата, вкупниот извози и увозот на земјоделски производи, девизни приливи во земјата, дали некој ќе се откаже од земјоделска дејности и дали некој ќе се вклучи во неа. И кога говорам за исход, пред се мислам на количината на производот и за неговиот квалитет.

Затоа во последната програма предвидовме нешто што потсеќа како во здравствениот систем со матичните лекари кои работат по ситем на капитација, по истата логика да се спроведе и во земјоделието, исто така по систем на капитација, но во форма на професионален земјоделски советник, како што ние работно го нарековме.

Имено во Македонија има експерти кои многу добро знаат што треба да се направи за подобар и поквалитетен род. Од професори на земјоделските факултети, асистенти и други научни работници на кои оваа дејност може да им обезбеди додатен приход и знаења, па до професионални консултанти кои или се, или можат брзо и квалитетни да се подготват и да положат еден многу стручен испит и тест на проверка на нивното знаење, и со тоа да добијат лиценца за професионален земјоделски советник, која еднаш во 6-7 години ќе ја обновува и преполагаат лиценцата со што ќе бидат принудени постојано да учат и да следат светски теќрендови и најдобри практики, а во меѓувреме државата ќе им овозможи и ќе ги задолжи овие професионални земјиделски советници на редовни периодични стручни обуки за континуирано зголемување на нивното знаење, пренос на најдобрите земјоделски искуства во светот, најновите научни достигнувања и технологии.

За таа цел повремено државата ќе ги ангажира најдобрите во светот земјоделски експерти, практичари и теоретичари, кои повремено ќе доаѓаат во Македонија и ќе држат континуирани стручни обуки на професионалните земјоделски советници, а овие пак нивното новостекнато знаење ќе го применат на теренот со македонските земјоделци кои би добиле многу вредна помош и подршка во знаење.

Секој од нив во улога на лиценциран професионален земјоделски советник ќе си има свои клиенти-земјоделци и земјоделски фирми, од редот на македонските индивидуални земјоделци и компании (во делот на компании би имало попрецизна разработка на оваа идеја), кои за тоа нема да плаќаат ништо или ќе плаќаат некоја симболична сума, а државата ќе им плаќа на професионалните советници согласно бројот на земјоделци кои ги користат годишно нивните услуги, како што плаќа на матичните лекари според бројот ја пациенти кои ги одбрале нив за матичен лекар. Тоа не се големи пари на државата а на здмјиделците многу ќе им значат и државата ќе ги враќа парите преку зголемен род и негова продажба и плаќање даници на таа зголемена продажба.

Ако земјоделецот не е задоволен од професионалниот и лиценцираниот советник кој самиот го одбрал, ќе ги откаже неговите услуги и ќе ангажира друг, па така ќе се создаде и конкуренција помеѓу земјоделските советници. Ќе мора да понудат квалитет и добри резултати ако сакаат да останат советници и да земат надомест за тоа.

На крајот нивниот резултат ќе се гледа по квалитетот и количината на род, споредена со другите производители. Земјоделецот ќе си знае точно што му помогнал советникот и по тоа ќе цени дали да го задржи или да го менува.

Тие ќе даваат најдобри совети со посета на нивите на земјоделците, шталите и слично, најмалку четири пати годишно, а по повик на земјоделецот и почесто.

Советите треба да допринесат, за поголема заработка на земјоделецот за која предуслов е зголемени количини на род и производство и зголемен квалитет на производот, справување со болести на производот, избор на најквалитетни семиња и ѓубрива прецизно мерење на квалитетот на земјата, одредување на наводнувања или исхрана и давање совет како да се подобри сето тоа, совети во врска со производството на културите и нивното одгледување итн.

Тие директно и на терен ќе им ги пренесат нивните знаења, на основа на кои добиле лиценца и знаењата собрани од континуираните нивни обуки и студиски патувања во странство во посета на најуспешни земјиделски компании во Израел, Холандија, Италија, Франција, САД, Австралија и други држви организирани од државата.

Заради редовно обезбедување на квалитетни совети за земјоделците ќе се воспостави функционален земјоделски советодавен систем со професионални земјоделски советници.

Така, редовни совети преку системот особено ќе се обезбедуваат за: дефинирани групи на земјоделци со недоволна големина на нивните производни капацитети, за одредени корисници на поддршка од државата (млади земјоделци, стопанства кои преминуваат во погорна развојна категорија, итн.), како и за земјоделци кои треба да ги применат важните и комплексни обврски од развојните приоритети во секторот (вкрстена сообразност, подобрување на квалитет на млеко, примена на стандарди за безбедност на храна, користење сертифицирано семе и сл). Секоја дадена услуга ќе треба да се документира, да се одобри од двете страни и да се евидентира во Министерството за земјоделство каде што ќе се следи и ќе се контролира целиот систем.

Слободниот избор на советниците од страна на земјоделците ќе овозможи конкуренција помеѓу советниците што ќе треба да се изборат на пазарот според квалитетот на услугите што ги даваат, според резултатите и според задоволството на клиентот.

За да го задржи земјоделецот секој советник ќе треба постојано да се информира, да проучува најнапредни научни сознанија за земјоделството и сл.

Советодавната поддршка овозможена преку Земјоделскиот советодавен систем во најголем дел ќе биде покриена од страна на државата. За поттикнување на формирање на нови советодавни канцеларии од млади дипломирани агрономи кои на тој начин ќе се самовработат, ќе се обезбеди и мерка на финансиска поддршка. Воспоставувањето на системот ќе се овозможи со донесување на посебен закон. – напиша Груевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во новиот мандат на СДСМ 1,35 милијарди…

СДСМ во новиот мандат обезбедува историски највисока…

Николовски: Нека е аирлија, рекордни 100 денари…

Денеска на сметките на околу 14.300 тутунопроизводители,…

Ковачевски: 750 милиони евра за земјоделците –…

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во Прилеп…

Николовски: ДПМНЕ тргнаа во блокада на програмите…

„Апсолутно не ми е јасно како може…

Тажна приказна: Една третина од македонското земјоделско…

Македонскиот земјоделец се качува на трактор, па…