Груевски: Трамп најави замена на старите и грди згради со величествениот класичен стил, тоа беше идејата и на “Скопје 2014”

t

Поранешниот премиер Никола Груевски, на Фејсбук го коментира обраќањето на Доналд Трамп во врска со неговата идеја за враќање на класичниот стил во архитектурата.

– Во вчерашното обраќање Доналд Трамп кој повторно во републиканската партија се кандидира за нејзин кандидат за следините претседателски избори во САД кажа дека освен што ќе менува имиња на улици и булевари поставувајќи имиња на големите американски патриоти, планира и промена на фасадите на зградите, дека ќе се ослободат од лошите и грди згради, и дека ќе се вратат, или со други зборови ќе ги заменат со величествениот КЛАСИЧЕН СТИЛ на западната цивилизација.

Тоа е истата идеја како проектот “Скопје 2014” со тоа што спомениците на сите патриоти и значајни историски личности во Вашингтон, Њујорк и другите градови се веќе оддамна поставени.

Исто така имавме и промена на улиците и булеварите, иако подоцна следниот градоначалник ги врати по старо.

Градењето нови згради во историски класични стилови во поново време, време кое не е ера на класичниот архитектонски стил не е нешто ново во САД. Кога протоколот во една прилика ме однесе да го разгледам музејот на архивот а во една друга прилика националниот уметничка галерија во Вашингтон (од фотографии на интернет можете да видите дека како стил наликуваат на нашиот археолошки музеј или објектот на државната ревизија на пример), град кој нема историја поврзана со класичната архитектура, поставив прашање на кустосите кои ме пречекаа зошто во 20 век се граделе објекти чии стил не е модерен и во духот на тоа време, туку класичен.

Одговорот беше мирен, сталожен, без негативна енергија, напротив со позитивна, краток, и на двете места беше идентичен: “затоа што нашите водачи беа инспирирани од класичната архитектура”.

Во исто време во Скопје беше врвот на хистеријата на мал дел од граѓаните кои беа толку гласни што на моменти наликуваа како да се мнозинство, наспроти убедливото тивко мнозинство кое се согласуваше со сето тоа и ја повторуваше нашата подршка на изборите и кои жестоко се противеа на новите класични градби и променети фасади и тие беа на еден или друг начин поддржани од многу странски фактори во чии држави исто така повремено се поттикнува клсичниот стил на градба дури и во ова време.

Како и да е, по оваа изјава се чини дека е на пат ослободувањето од “лошите и грди згради” и враќањето на “величествениот класичен стил” или со наш вокабулар замената на фасадите со нови фасади со некои од класичните односно историски стилови, како нов тренд во САД. – напиша Груевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…

СДСМ: ДПМНЕ ја остави Универзална да се…

ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се…