Објавено на:

Грузија им одговори на САД: Независноста на земјата не ја продаваме за никакви визи

t

Грузија нема да тргува со својот суверенитет и никакви санкции нема да ги принудат властите да работат против својата земја, соопшти денеска владејачката партија Грузиски сон – Демократска Грузија.

Извршниот секретар на партијата и шеф на пратеничката група, Мамука Мдинарадзе, изјави дека изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за воведување санкции за грузиските политичари, вклучително и пратениците кои гласаа за законот за странски агенти, изгледа „комично“, пренесува порталот на грузиската телевизија 1tv.ge.

„Независноста на земјата нема да се продава за никакви визи. Грузијците жртвуваа животи. Се чини дека не нè познаваат“, наведува Мдинарадзе.

Порталот потсетува дека претходно американскиот државен секретар Антони Блинкен најави нова политика за ограничување на визниот режим за Грузија која ќе се однесува на поединци кои се одговорни или соучесници во „поткопување на демократијата“ во Грузија, како и на членовите на нивните семејства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД повикаа на зголемена претпазливост по иранските…

Американската амбасада во Кувајт ги повика американските…

Вучиќ: Ќе поднесам оставка, бидејќи ми сте…

Александар Вучиќ во српскиот парламент бурно реагираше…

Малолетничка нападната од две врснички во Кавадарци,…

Две малолетнички нападнале трета во Кавадарци, едната…

Мицкоски на состанок организиран од Мерц: Потврдена…

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за…