Групна тепачка во Драчево со тврди предмети, тепачите имаат од 16 до 63 години

t

Вчеравечер во Драчево се уапсени седуммина жители на Скопје кои учествувале во групна тепачка, во која користеле тврди предмети, соопшти МВР. Еден од тепачите нападнал и полицаец кој дошол да интервенира.

„На 10.08.2026 во 23:20 часот на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Р.С.(63), Б.С.(37), Б.А.(20), О.С.(41), Н.С.(21) и Ѓ.С.(33), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:30 часот го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која биле употребени и тврди предмети, при што му била нанесена расеченица на 16-годишник, кој учествувал во пресметката. Откако пристигнале полициски службеници, еден од учесниците со тврд предмет нападнал еден полициски службеник. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави“, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15-годишно момче донесено во болница без знаци…

15-годишно момче од Гостивар било донесено во…

Возач на тротинет удри во пензионерка во…

МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…

Кривична за двајца вработени во Брза помош…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…

Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…

МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…

Трактор излета од пат во Пехчево, загина…

Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…