Грците се бараат да се почитувало меѓународното право: Дендиас се обрати до Ердоган…
Нашиот одговор е дека Турција добро ќе биде да го почитува меѓународното право и што е можно поскоро да се врати во сферата на логиката, рече министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас од Њујорк, јави дописничката на МИА од Атина.
Шефот на грчката дипломатија, во изјавата по обраќањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на генералната дебата на сесијата на Генералното собрание на ОН во Њујорк, истакна дека Турција е онаа која на Грција ѝ се заканува со војна, го инструментализира мигрантското прашање, додавајќи дека „Грција е европска земја која целосно ги почитува човековите права“.
-Земјата што го инструментализира мигранското прашање, ставајќи во опасност десетици илјади човечки животи, ја обвинува Грција дури и за злосторства против човештвото и тоа употребувајќи лажни податоци, на кои веќе е одговорено пред десет дена. Земјата која директно се заканува со војна, земјата која издаде „casus belli“, земјата која го оспорува грчкиот суверенитет на островите во Егејското Море, зборува за добрососедски односи. Земјата која окупира територии на странски земји, меѓу кои и на Република Кипар, зборува за условите на безбедност и разбирање во Источниот Медитеран. Нашиот одговор е дека Турција добро ќе биде да го почитува меѓународното право и што е можно поскоро да се врати во сферата на логиката, рече Дендиас.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во говорот на Генералното собрание на ОН во Њујорк, меѓу другото рече дека „Грција со незаконските и непромислени насилни враќања, го претвора Егејското Море во гробишта за бегалците“, но и дека очекува „Грција да ја остави настрана политиката на тензија и провокација и да ги послуша нивните повици за соработка и солидарност“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Охридското Езеро порибено со два милиони пастрмка…
Два милиони пастрмка коран беа пуштени овој…
Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска…
Потврдени се вкупно 44 случаи на западнонилска…
Вечерва ќе се прска против комарци на…
Град Скопје, во соработка со Општина Кисела…
Теле било спасено на Китка, ама директорот…
Навистина е спасено теле во пожарот на…
Пожар кај Пробиштип се шири во близина…
Сериозен пожар попладнево избувна во селото Гујновце,…