Објавено на:

Грција бара одговори од Ердоган: Контроверзната мапа води до војна?

t

Односите меѓу Грција и Турција со децении се тензични поради низа прашања, вклучувајќи ги правата за истражување на подморјето и суверенитетот на ненаселените острови.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја повикал Турција да ја објасни контроверзната мапа која кружи на социјалните мрежи.

На фотографијата се прикажани неколку големи, ненаселени грчки острови во Егејското море, за кои се тврди дека и припаѓаат на Турција.

Контроверзната мапа на Девлет Бахчели, лидер на националистичката партија која е во сојуз со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, му ја подарила младата ултранационалистичка група “Сиви волци”.

Шефот на организацијата фотографијата од мапата ја објавил на Твитер, тврдејќи дека “славното турско знаме го узурпирала Грција”.

„Горди сме што на нашиот шеф Девлет Бахчели му ја подаруваме нашата мапа“, напишале Сивите волци на Твитер.

Понатаму навеле дека Крит е составен дел од Турција, истакнувајќи дека егејските острови ги узурпирала Грција и дека се заробени во рамките на грчкиот суверенитет, а велат и дека „турскиот народ има моќ да ја потсети грчката држава како е да се уништи Атина и колку се студени и длабоки водите на Егејското море“, пишува “Protothema”.

Откако спорната мапа се проширила на социјалните мрежи, реагирал и премиерот на Грција Мицотакис.

„Погледнете ја добро оваа мапа. Крит, Родос, Лезбос, Самос се острови кои ги присвоила Турција. Грозен сон на екстремисти или официјална турска политика. Уште една провокација или вистинска цел? Претседателот Ердоган мора јасно да го изнесе својот став за најновите екцеси на својот помлад коалициски партнер“, напишал Мицотакис на Твитер во понеделникот.

Односите меѓу Грција и Турција со децении се тензични поради низа прашања, вклучувајќи ги правата за истражување на подморјето и суверенитетот на ненаселените острови.

Неодамнешните расправи се фокусирале на грчките острови во близина на турскиот брег, каде Анкара ја обвинува Атина дека одржува воено присуство, кршејќи постоечки договори.

Грција тврди дека се однесува во склад со меѓународното право и дека ги брани своите острови пред турското непријателство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…

Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!

Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…