Грција доделува стипендии за студенти од Македонија
Грчките власти објавија јавен повик за аплицирање за државна стипендија за додипломски студии на грчките јавни универзитети, почнувајќи од академската 2025/2026 година.
Меѓу понудените програми се: грчки јазик и литература, историја и археологија, заштита на антиквитети и уметнички дела, новинарство и медиуми, теологија (вклучувајќи исламски студии), право, економија, политички науки, медицина и здравствени науки.
Познавањето на грчкиот јазик е предност, но не е задолжително. Стипендистите без работно познавање на грчкиот јазик ќе посетуваат курс во траење до осум месеци, пред почетокот на редовните студии во академската 2026/2027 година.
Стипендијата обезбедува:
– Месечен надомест од 650 евра
– Бесплатен курс по грчки јазик (доколку е потребно)
– Бесплатни учебници (освен оние на Факултетот за грчки јазик)
Кандидатите можат да аплицираат за најмногу три оддели, приложувајќи:
Биографија на грчки или англиски јазик
Копија од диплома за завршено средно образование*
Потврда дека дипломата овозможува прием во високообразовни институции во Северна Македонија*
Сертификат за познавање на грчки јазик (доколку е достапен)
Извод од матична книга на родени/државјанство*
Сите документи мора да бидат официјално преведени на грчки јазик и соодветно легализирани.
Апликациите се поднесуваат лично во Амбасадата на Грција во Скопје или во Генералниот конзулат на Грција во Битола, најдоцна до 8 септември 2025 година. Повеќе информации за грчките јавни универзитети може да се најдат на веб-страницата „Study in Greece“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Два земјотреси се регистрирани денес во Грција
Два посилни земјотреса беа регистрирани во Грција…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во Кожани ќе се гради ДАТА ЦЕНТАР…
Еден од најголемите центри за податоци во…
Турција и Грција ја освојуваат Месечината
Турција планира да го испрати својот прв…
Напад од диво животно на Халкидики: Шакал…
Дете на возраст од околу пет години…