Грција инкасирала 1,04 милијарди евра од коцкање во 2025 година
Грчката држава во 2025 година инкасирала 1,04 милијарди евра од коцкање, според податоците што ги објави „Катимерини“, повикувајќи се на официјални бројки од Хеленската комисија за игри на среќа. Од таа сума, 644,8 милиони евра дошле од надоместоци што ги плаќаат приредувачите, а 398 милиони евра од данок на добивки.
Во истиот период, вкупните уплати за игри на среќа во Грција достигнале 16,7 милијарди евра, наспроти 15,6 милијарди евра во 2024 година, што е раст од 6,7 проценти. Нето-приходот пред придонеси изнесувал 3,07 милијарди евра, во споредба со 2,87 милијарди евра една година претходно.
Најголем дел од пазарот држеле ОПАП, кој сега е дел од „Алвин“, со 1,5 милијарди евра, и онлајн-компаниите со 1,2 милијарди евра. Кај онлајн-сегментот, според истите податоци, е регистриран раст од 20 проценти на годишно ниво.
Приходите на копнените казина исто така пораснале и во 2025 година достигнале 268,6 милиони евра, наспроти 252,8 милиони евра во 2024 година. „Катимерини“ наведува дека од деветте лиценцирани казина во земјата, во пракса редовна активност имаат три до четири.
Хеленската комисија за игри на среќа е официјалниот регулатор на пазарот во Грција и на својата страница објавува билтени и годишни извештаи за секторот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција: Уапсени родители на четиримесечно бебе кое…
Полицијата во грчкиот град Патра, на југот…
Стотици луѓе на улиците во Атина поради…
Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…
Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…