Објавено на:

Грција контра НАТО и ЕУ: Не праќаме повеќе оружје во Украина, ќе ја ослабнеме сопствената одбрана

t

Грција најави дека повеќе нема да испраќа оружје во Украина бидејќи нема резерви и не може да си дозволи да ја ослабне сопствената одбрана. Земјата е една од земјите кои го вооружија Киев откако Русија започна воена операција во февруари.

„Опремата за одбрана што ја испративме во Украина доаѓа од нашите залихи. Не се зборува за испраќање повеќе“, изјави министерот за одбрана Николаос Панајотопулос во парламентот на земјата.

„Нема шанси да ослабиме некој дел од нашата одбрана, особено на островите, со учество и испраќање во Украина. Сакам да го појаснам тоа“.

Грција веќе и достави на Украина ракетни фрлачи, пешадиско оружје и муниција.

Сепак, Атина го отфрли барањето на Вашингтон да го испрати своето потешко оружје од советско производство во Украина, како што се системите за воздушна одбрана Тор-М1 и Оса-АК, објавија локалните медиуми.

Западните земји се повеќе ја снабдуваат Украина со оружје, од тенкови и оклопни транспортери до ракетни системи.

Сепак, не сите членки на НАТО се согласија да го вооружат Киев. Унгарија одби да испрати оружје, објаснувајќи дека не е во интерес на земјата да биде вклучена во конфликтот меѓу Русија и Украина.

На крајот на февруари Москва започна голема воена операција во Украина по седумгодишниот конфликт во Донбас и поради тоа што Украина не ги примени условите од договорот за прекин на огнот од Минск. Протоколите, со посредство на Германија и Франција, беа дизајнирани да го регулираат статусот на отцепените региони во рамките на украинската држава, но никогаш не беа спроведени.

Русија сега бара Киев да го признае суверенитетот на Русија над Крим и Народните републики Луганск и Доњецк и официјално да се прогласи за неутрална земја која никогаш нема да влезе во НАТО. Русија исто така соопшти дека целта на операцијата е заштита на населението, како и демилитаризација и денацификација на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Одиме на Солун“: Лани над 1 милион…

Грција минатата година била посетена од 1.128.000…

Зеленски со апел до Западот: Дајте им…

Украинскиот претседател Владимир Зеленски го повика Западот…

Полскиот министер за одбрана: Нема да испратиме…

Полска не се подготвува и нема да…

Италијанскиот министер за одбрана: Разговарајте со Путин!

Италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето денеска…

Руската разузнавачка служба: САД му бараат замена…

Соединетите Американски Држави ги интензивираа напорите да…