Грција наскоро ќе произведува 15.000 воени дронови годишно, вели Дендиас

t

Грчките државни воени фабрики наскоро ќе можат да го зголемат производството на дронови за трипати, на 15.000 годишно, изјави во четвртокот министерот за одбрана Никос Дендиас, со што ја зголеми претходната проценка, пренесе Екатимерини.

Дендиас го изјави ова за време на посетата на воен производствен капацитет во близина на северниот град Ксанти. Тој посочи дека оваа фабрика, заедно со уште еден капацитет во близина на Атина, моментално произведува околу 5.000 дронови годишно.

Според него, откако во декември ќе биде отворен и третиот капацитет во Малакаса, северно од Атина, годишното производство ќе биде зголемено на 15.000 дронови.

„Стигнавме до точка во која нашите вооружени сили многу брзо влегуваат во новата ера. Дроновите ни овозможуваат набљудување, извидување и офанзивни способности“, рече Дендиас.

Тој додаде дека, во споредба со сегашните производствени капацитети, на крајот на 2023 година грчката флота на дронови се состоела од два израелски дрона „Херон“ со средна височина и долг период на летање, кои не можеле да бидат истовремено распоредени, како и 252 индустриски произведени летала кои, како што рече, „со сета почит, беа на ниво на Џамбо“ – алудирајќи на популарниот грчки синџир продавници за евтини играчки.

На церемонијата на поставување камен-темелник во јуни за новиот капацитет во близина на Малакаса, Дендиас изјави дека фабриката ќе го зголеми годишното производство на мали воени дронови од 4.000 на околу 10.000, додека дополнително ќе се произведуваат и 600 поголеми дронови годишно.

Грција веќе инвестира значителни средства во набавка на дронови од странство, како дел од огромната повеќемилијардна програма за модернизација на армијата. Програмата опфаќа и француски фрегати и борбени авиони, американски воени авиони, како и широк систем за воздушна одбрана, по примерот на израелскиот, за заштита од ракети и дронови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција ќе ги штити своите F-35 со…

Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…

Во првите седум месеци од годинава Грција…

За 8,6 отсто се зголемил бројот на…

Пожарникар загина за време на спасувачка акција…

При операцијата за спасување и пренесување на…

82-годишник почина по кавга за лежалка во…

Неверојатна трагедија се случила рано утрово на…

Два земјотреси се регистрирани денес во Грција

Два посилни земјотреса беа регистрирани во Грција…