Објавено на:

Грција најави затворски казни за нелегални мигранти!

t

Заострување на рамката за влез во Грција, зголемување на казните за оние кои нелегално влегуваат во земјата, криминализирање на нелегалниот престој во земјата по завршувањето на административната постапка, како и укинување на можноста за издавање дозвола за престој за оние кои седум години нелегално престојуваат во земјата, се дел од измените во новиот предлог-закон на Министерството за миграција и азил на Грција, според грчката новинска агенција АНА-МПА

Новиот предлог-закон вчера беше детално презентиран на владина седница, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како што објави МИА, рече дека „казните ќе бидат построги за оние кои нелегално влегуваат или престојуваат во земјата ако нивното барање за азил е одбиено“.

Според АНА-МПА, за оние кои нелегално влегуваат во земјата, се предвидува зголемување на казната од три месеци на најмалку две години, доколу станува збор за потешки случаи од шест месеци на најмалку три години, а паричната казна може да достигне 10.000 евра.

Дополнително, нелегалниот престој во земјата по завршувањето на административната постапка, станува кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку три години, парична казна од 10.000 евра, без можност за одложување на казната, освен во случај осудениот државјанин на трета земја да избере доброволно да замине од Грција.

За доброволно заминување, пропишаните рокови ќе бидат намалени од 25 на 14 дена, како и намалување на продолжувањето на рокот за доброволно заминување од исклучителни причини од 120 на 60 дена, а ќе биде воведен и електронски надзор како рестриктивна мерка за време на рокот за доброволно заминување.

Новиот предлог-закон од Министерството за миграција и азил на Грција, се очекува кон крајот на јуни да биде доставен во грчкиот Парламент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стотици луѓе на улиците во Атина поради…

Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Италија планира казни до 160 евра за…

Италија наскоро би можела да воведе казни…

Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…

Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…

Рама најави построги казни за протестите во…

Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…