Грција остварила 16,5% повеќе приходи од туризам
Грција остварила над 16 отсто повеќе приходи од туризмот во 2023 година во споредба со претходната 2022 година, се вели во извештајот на централната банка на земјата, цитиран од АНА-МПА.
Приходите од туризмот во 2023 година изнесуваат околу 20,6 милиони евра, што е за 16,5 отсто повеќе од 2022 година.
Приходите од посетите на жителите на ЕУ се зголемени за 11,6 отсто. Тие се со вкупна вредност од 11,17 милиони евра, што претставува 54,2 отсто од вкупните приходи од патувања во земјава. За туристите од другите земји зголемувањето е 18,3 отсто, пренесе БТА.
Според Централната банка, растот на приходите од патувања на годишно ниво е поттикнат од зголемувањето на бројот на странски туристи за 20,8 отсто, како и од зголемувањето на просечните трошоци за ноќевање од 6,9 евра или 8,6 отсто.
Туристите кои пристигнале во Грција во 2023 година изнесувале 30,08 милиони луѓе во споредба со 29,875 милиони во 2022 година, покажуваат податоците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…