Објавено на:

Грција поставува заштитни мрежи во морето против опасната риба-зајак

t

Грчките власти поставија 2,5 километри заштитна мрежа како одговор на појавата на опасната риба-зајак — инвазивен вид кој во последните месеци ги мачи капачите и локалните власти, објави „Еуроњуз“.

Оваа риба содржи тетродотоксин, смртоносен невротоксин за кој не постои противотров, а нејзините вилици налик на клун можат да прегризат коска и метал.

Поставувањето на специјалните пловечки бариери започна во средината на јуни на плажата Родис во Халкида. Проектот што го спроведува Општината Халкида има вкупна вредност од 366.950 евра.

Бариерите ќе бидат поставени на шест плажи во рамки на општината Халкида долж Северниот Евијски Залив, од страна на специјализирани нуркачки тимови. Станува збор за плажите Аликес, Бурнонтас, Валопула, Каламија и Зефирос, покрај Родис.

Пристанишната управа на Евија, исто така, планира поставување слични пловечки бариери на плажите Сикиес, Куренти, Сувала и Папанастасиу, кои се под нејзина надлежност.

„Му благодариме на Регионот на Централна Грција за финансирањето на оваа важна иницијатива, која ни овозможува да го ограничиме влезот на медузи, пловечки отпад и површинско загадување во зоните за капење, придонесувајќи за безбедноста на капачите и за подобрување на изгледот на плажите во нашата општина, како за жителите, така и за посетителите“, изјави градоначалничката на Халкида.

Според експертите, ваквите пловечки бариери можат да бидат ефикасни доколку се правилно поставени. Тие ја штитат само конкретната оградена зона, спречувајќи медузи, но и риби — вклучително и зајак-риби, познати и како лагокефалос — да навлезат во зоната за капење.

Правилната инсталација подразбира бариерата да започнува од брегот, да се протега кон подлабока вода и повторно да се враќа кон копното, формирајќи целосно затворена полукружна или правоаголна безбедна зона.

Долниот дел од мрежата е опремен со тегови кои треба да лежат на морското дно или да оставаат минимален отвор, за да се спречи продор на медузи и риби под бариерата.

Горниот дел се состои од пловки и мора да излегува околу 30–50 сантиметри над површината на водата, за да се оневозможи нивно прелевање преку бранови.

Бариерите треба да бидат поставени на соодветна длабочина, за да бидат и функционални и практични за капачите. Дел од посетителите на плажата Родис, пак, реагирале дека на места се поставени во премногу плитка вода, што го ограничува просторот за пливање.

За да останат ефикасни, мрежите мора редовно да се чистат од специјализирани екипи, со цел да се спречи насобирање на морски организми и алги кои би можеле да ги оштетат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција ќе ги штити своите F-35 со…

Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…

Во првите седум месеци од годинава Грција…

За 8,6 отсто се зголемил бројот на…

Пожарникар загина за време на спасувачка акција…

При операцијата за спасување и пренесување на…

82-годишник почина по кавга за лежалка во…

Неверојатна трагедија се случила рано утрово на…

Два земјотреси се регистрирани денес во Грција

Два посилни земјотреса беа регистрирани во Грција…