Грција разби нелегален канал за трговија со цигари за 1 милијарда евра
Грчките власти разбија канал за нелегално производство и трговија со цигари, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Криминалната мрежа ѝ предизвикала на државата штета од една милијарда евра. Истрагата траела четири месеци. Во случајот се запленети 42 имоти, вклучувајќи хотелски комплекси, вили, станови, фабрика каде што наводно се преработувале нелегални цигари, 76 пловила, вклучувајќи танкер и два трговски брода, 26 луксузни автомобили, камиони, кампери. Блокирани се банкарски сметки и сефови. Во случајот се вклучени 38 лица, од кои некои се приведени. Во мрежата учествувале и 21 правно лице.
Меѓу уапсените се две лица со прекари „Претседателот“ и „Путин“, кои се сметаат за водачи на криминалниот канал. Уште четири лица кои се роднини едни на други играле водечка улога во трговијата. Останатите учесници во мрежата биле нивни соработници. Трансферот на пари од нелегални активности се одвивал преку фиктивни компании и лажни фактури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…
Пожарникар загина за време на спасувачка акција…
При операцијата за спасување и пренесување на…