Грција се закани со 37 вета за Албанија: Дали зад блокадата стојат двете малцинства, имотите во Химара или децениското непријателство?
Албанскиот премиер Еди Рама не ја искористил добрата волја на Атина и шансата да му даде дозвола на градоначалникот Фреди Белерис со грчко потекло да положи заклетва, пишува грчка Прототема. Додека сѐ погласни се вестите дека утре и задутре на Самитот на ЕУ во Брисел нема да има датум за отпочнување на преговорите на Албанија, Грција се закани со 37 вета кон Албанија – вето за секое поглавје од пристапниот процес.
Освен случајот со 52-годишниот Белерис кој беше уапсен под обвинение дека купувал гласови и досега сите негови барања за ослободвање се одбиени, зад случајот според анализа на Дојче Веле се и веројатно е борбата за 4.000 недвижнини на живописното јадранско крајбрежје на Албанија и потенцијалот на Химара како туристичко место.
Недвижнините припаѓаат на Грци, меѓутоа тие тешко можат да инвестираат во нив без дозвола од едно национално тело на чие чело стои Еди Рама, а според некои експерти ова е начин да се „ограбат“ луѓето. Во прашање се имотните права.
Друг спор кој стои во заднината се несогласувањата околу поморските линии. И трето, Грција и Албанија сѐ уште се во воена состојба која трае од Втората светска војна кога Грција ѝ објави војна на Албанија во 1940 година. Во 1966 година земјите потпишаа договор за пријателство, но технички уште се во војна.
Всушност, во 1987 година грчката влада се согласила да стави крај на воената состојба, но парламентот никогаш не ја ратификувал одлуката, вели еден претставник на грчкото МНР.
Има и нешто друго. Ако воената состојба се укине тоа ќе ја отвори вратата за признавање на Албанците кои живеат во Епир, познати како малцинство Чами. Албанија во 1990-тите бараше репарации од Грција за Чамите кои Грција ги протерала после Втората светска војна, но грчката држава го отфрлила барањето со образложениое дека секој од нив лично на суд треба да бара враќање на имотот.
Новинарот и писател Ставрос Цимас за Дојче Веле дека во политичките кругови постојано има сонеж дека „Грција има намера да ја распарчи Албанија“, а дека претходно, во времето на Енвер Хоџа, Албанија имала чувство дека била опкружена со непријатели.
Од друга страна, јавноста во Грција не е многу заинтересирана за тоа што се случува во Албанија, додека грчките политичари имаат недоверба во Албанија.
На Самитот на ЕУ утре и задутре во Брисел не се очекува да има опсежна дискусија за проширување надвор од новите земји кандидати Украина, Молдавија, Босна и Херцеговина, туку од грчка страна, доколку се испровоцира дискусија, ќе биде истакната цврстата позиција за блокирање на Албанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…