Објавено на:

Грција се спрема да ѝ испрати остро предупредување на Украина

t

Грција се подготвува да испрати остро предупредување до Украина дека треба да ги повлече сите свои дронови од крајбрежјето на земјата, објави „Катимерини“.

Ова предупредување не значи промена на политиката, велат грчки претставници на владата. Како и од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, Грција цврсто ја поддржува Украина врз основа на принципот на територијална неповредливост.

Соочена со територијалните претензии на својот номинален сојузник Турција во Егејското Море, Грција се противи на насилна промена на границите под какви било околности.

Откако беспилотно површинско пловило, односно морски дрон, било пронајдено од рибари кај западниот грчки остров Лефкада, тоа било извлечено и испратено во поморска база во близина на Атина за испитување.

Добро информирани извори изјавиле за „Катимерини“ дека беспилотното пловило од типот „Мамај“ — трговско име „Козак Мамај“ — изградено специјално за камикаѕе-мисии, е само едно од многуте од тој тип што дејствуваат во источниот Медитеран.

Прелиминарниот извештај за инцидентот со морскиот дрон веќе бил доставен до грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој треба да одлучи за следните чекори. Според наодите, пловилото не било изолиран случај, туку дел од поширока украинска операција во источниот Медитеран.

Станува збор за мали беспилотни површински пловила, со големина слична на џет-ски, што ги прави исклучително тешки за откривање. Грчките експерти процениле дека дронот бил пренесуван со брод без постојана база и дека претходно се движел и во близина на Либија.

Атина особено ја загрижува можноста украинските дронови да гаѓаат бродови од таканаречената „флота во сенка“, која превезува руска нафта со заобиколување на санкциите.

Дел од тие бродови, според пишувањата, некогаш биле во грчка сопственост. Грција стравува од погрешен удар врз танкер или врз патнички брод и од можни сериозни еколошки последици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инкасатор од Свети Николе затаил 82.000 денари…

62-годишен вработен во „Комуналец“-Свети Николе ќе одговара…

Трамп објави нова мапа на Truth social:…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, сподели мапа…

Инфлацијата во август е 2,6%

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на…

ЗНМ укажува на потребата од професионален однос…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), по…