Грција со сеизмички испитувања ќе бара наоѓалишта на природен гас

t

Сеизмички истражувања за наоѓалиштата на природен гас југозападно од Пелопонез и Крит, што ќе ги врши американската компанија „ExxonMobil”, а ќе почнат набргу, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Антена”.

Нашата земја, како што многупати имам кажано, без оглед на нејзината посветеност на брзата зелена транзиција, мора да истражи дали во моментов има можност да извлекува природен гас, што ќе придонесе не само за нашата енергетска безбедност, туку и за енергетската безбедност на Европа. Затоа, овие истраги ќе ги иницира „ExxonMobil” во наредните денови, рече Мицотакис.

Националната компанија за управување со јаглеводороди и енергетски ресурси (ЕДЕИЕП), денеска ги објави следните чекори во програмата за истражување на полињата на природен гас во земјата, со реализација на 3Д геофизички истражувања во северниот дел на Јонското море и 2Д геофизички истражувања во концесиите западно и југозападно од Крит.

Во соопштението истакнаа дека геофизичките истражувања ќе се вршат во претстојните зимски месеци со цел да се минимизира секое влијание врз животната средина и во согласност со меѓународните стандарди за заштита на животната средина.

Претседателот на ЕДЕИЕП Рикард Скуфиас го поздрави напредокот и рече дека „грчкиот природен гас може да игра важна улога, не само за Грција, туку и во поддршката на поширокиот регион и за зголемената побарувачка на Европа за енергетски ресурси во критичниот момент за енергетската безбедност”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…

Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…

Грција ќе ги штити своите F-35 со…

Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…

Во првите седум месеци од годинава Грција…

За 8,6 отсто се зголемил бројот на…

Пожарникар загина за време на спасувачка акција…

При операцијата за спасување и пренесување на…