Објавено на:

Грција ќе достави демарш до Србија зашто не им било кажано што пренесува авионот што се урна кај Кавала

t

По наредба на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, амбасадорот на Грција во Белград ќе достави демарш со образложение дека Грција требало да биде информирана за видот на товарот во авионот што се урна во близина на Кавала, брифираат грчки дипломатски извори за медиумите во Грција.

Украинскиот каргоавион „Антонов-12“, што пренесуваше 11,5 тони муниција од Србија наменета за Бангладеш, се урна во саботата еден час пред полноќ западно од грчкиот град Кавала, а загинаа сите осум членови на екипажот, државјани на Украина.

Доцна синоќа заврши акцијата за извлекување на телата кои дополнително беа пренесени во болница, каде што ќе се врши обдукција.

Спасувачките екипи и понатаму се на терен во делот каде што се урна авионот и се во потрага на црните кутии.

Службата за цивилно воздухопловство на Грција (ИПА) преку соопштение детално информираше за комуникацијата на пилотот со контролорите на летање, а пет минути откако известил дека има проблем со еден од четирите мотори и две минути по разговорот со контролната кула во Кавала и барањето за принудно слетување, украинскиот авион се загубил од радарите.

Авионот полетал од Ниш со осумчлен екипаж и 11,5 тони опасен материјал (dangerous goods), а според планот на летање доставен од надлежните српски органи, авионот ќе летал за Бангладеш (Дака) со попатни станици во Јордан, Саудиска Арабија и Индија.

Во грчкиот воздушен простор, влегол во 22:09 часот по локално време, а во 22:37 го известил Контролниот центар на регионот Атина- Македониа (КЕПАТМ) дека поради проблем (operation reasons) нема да продолжи до крајната дестинација и дека ќе се врати на аеродромот од каде што полетал.

Во 22:42 часот летајќи источно од Халкидики ги извести контролорите на летање на приодот кон Солун дека има проблем со моторот број четири наведувајќи: „may day пожар во мотор четири“. Службата за цивилно воздухопловство веднаш прогласи вонредна состојба со активирање на соодветните предвидени процедури. Во 22:45 часот, авионот имаше разговор со контролната кула во Кавала и информираше дека се упатува за принудно слетување. Веднаш беше дадена дозвола за слетување на аеродромот во Хрисуполи во Кавала. Во 22:47 часот авионот се изгуби од радарите на воздушниот сообраќај – соопштија од Службата за цивилно воздухопловство на Грција.

Веднаш бил известен Националниот координативен центар за потрага и спасување за вонредната состојба, а потоа за губењето на комуникацијата, по што започнал процесот на лоцирање, пребарување и спасување.

Паралелно биле мобилизирани и сите надлежни органи, противпожарната служба, полицијата, цивилната заштита, Министерство за одбрана и локалните власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…