Грчката влада презема дополнителни мерки за ублажување на ценовниот шок од сметките за струја
Покривање на 50 отсто на зголемувањето на струјата за потрошувачка над 300 киловат часови за мај и јуни; вонреден надомест до 600 евра за граѓаните со годишен приход до 45.000 евра, за дополнителни направени трошоци, ретроактивно од декември до мај; одвојување на меѓународните покачувања на природниот гас од сметките за струја, односно индиректен плафон на цените на природниот гас, се дел од мерките што ги соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Во телевизиската порака до граѓаните, Мицотакис ја претстави новата национална програма на грчката Влада за справување со покачувањата на цените на електричната енергија и рече дека за енергетската криза предизвикана од војната во Украина, потребно е европско решение, но „Европа, барем засега не е на ниво на задачата и за жал решението доцни“.
– Грција продолжува да бара решение, но во меѓувреме не е неактивна. Нема да чека. Затоа што прво јас чувствувам дека тешкотиите на нашите бизниси и домаќинства не можат да чекаат повеќе. Со моја одлука, започнува нова Национална програма за поддршка, со цврста ориентација кон најслабите. Но, овој пат и со мерки за значително олеснување за средната класа – рече Мицотакис.
Тој објасни дека новата програма е во четири области, ќе апсорбира 70 до 80 отсто од поскапувањето за киловат час за домаќинствата, бизнисите и земјоделците.
Рече дека со евентуален договор за европски средства ќе се намали товарот на државниот буџет, но истакна дека нема да чека „бавниот европски прекуокеански борд да го промени курсот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…
Пожарникар загина за време на спасувачка акција…
При операцијата за спасување и пренесување на…