Грчката полиција заплени 320 килограми кокаин на пристаниште!
Грчките власти заплениле најмалку 320 килограми кокаин во контејнер во пристаништето Пиреја и уапсиле еден осомничен во врска со пратката.
Дрогата била пронајдена во средата скриена во контејнери со замрзнати ракчиња кои пристигнале од Јужна Америка, додека дестинацијата била Албанија. Властите веруваат дека дрогата потоа ќе биде канализирана во Централна и Северна Европа. Полицијата уапси албански државјанин кој имал отворена потерница за негова вмешаност во друга рација со дрога во 2017 година, кога бил обвинет за учество во банда што произведувала апчиња Каптагон во скриена лабораторија во Неа Перамос, западна Атика. За време на операцијата против дрогата во 2017 година, грчките власти, потпомогнати од американската Администрација за борба против дрогата (ДЕА), уапсија четворица осомничени, додека уште тројца успеаја да побегнат.
Меѓу нив бил и албанскиот државјанин кој наводно бил приведен во средата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…
Протести и во Грција: Ученици, студенти и…
Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…