Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина, тракторите си заминаа, но велат дека ќе продолжат со протести
Сообраќајот во центарот на Атина повторно е нормализиран, откако илјадници земјоделци од цела Грција, кои се собраа да протестираат против зголемувањето на трошоците за производство и силната конкуренција од странство, постепено го напуштија плоштадот Синтагма, пренесува „Катимерини“.
Полицијата соопшти дека авениите „Василисис Амалиас“, „Василисис Софијас“ и „Панепистиму“ се повторно отворени за сообраќај откако беа блокирани во текот на ноќта.
Околу 40 трактори и 2.500 демонстранти се собраа пред Парламентот во петокот, вклучувајќи земјоделци, сточари и пчелари од Ханија. Ним им се придружија претставници на синдикатот на јавниот сектор АДЕДИ, студентски здруженија и раководители на земјоделски задруги, кои присуствуваа во знак на поддршка.
Земјоделците протестираат со месеци поради трошоците за производство, ниските цени за нивните производи и доцнењата во исплатата на субвенциите поддржани од Европската Унија. Одгледувачите на добиток, чии стада беа уништени од масовно колење поради појава на овчји и козји сипаници, се придружија на собирите.
Производителите велат дека овие прашања биле покренати на претходните состаноци со премиерот, но не ја добиле поддршката што им е потребна за да преживеат. Пред да го напушти плоштадот Синтагма, Ризос Марудас, претседател на Обединетата федерација на земјоделски здруженија на Лариса, рече дека владата има фискален простор, но не и политичка волја да ги реши нивните проблеми, додавајќи дека протестите ќе продолжат сè додека не се исполнат барањата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ужас на аеромитинг во Грција: Се…
Тешка авионска несреќа се случи во сабота,…
(Видео) Од 2030-та од Богородица до Солун…
На патниот правец од граничниот премин Евзони…
Грција наскоро ќе произведува 15.000 воени дронови…
Грчките државни воени фабрики наскоро ќе можат…
ХОРОР: Мртво бебе е пронајдено во куфер…
Вистински хорор се случувал во Атина, откако…
Грција и Израел потпишуваат договор за „Ахиловиот…
Во 11 часот по локално време во…