Грчките земјоделци со трактори пак го блокираат „Евзони“ – можеби ќе протестираат и за празниците

t

Земјоделците од северниот дел на Грција, односно од регионот на Пеонија, оние кои веќе четврти ден нивните трактори ги имаат паркирано на грчката страна од граничниот премин Евзони (Богородица), денеска повторно ја затворија границата за сообраќај од и кон нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Блокадата започна кусо по 13 часот по локално време, кога на граничниот премин пристигнаа дополнителни 100 трактори од градот Јаница, за дополнително да се зајакне конкретниот блок.

Непознато е колку време ќе трае блокадата, со оглед на тоа што, како и во изминатите денови, беше ненајавена.

Во текот на вчерашниот ден граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција беше затворен околу два часа во периодот меѓу 12 и 14 часот по локално време, а блокада имаше и во попладневните часови.

Пракса на земјоделците, како и во изминатите години за време на нивните протести, е да не ги најавуваат блокадите, со оглед на тоа што тракторите и земјоделските возила се паркирани на преминот и остануваат таму, а на секојдневни состаноци, надлежните земјоделски комисии одлучуваат кога и на колку време ќе блокираат.

Според информациите на МИА, оваа пракса веројатно ќе се следи и во следните денови, а земјоделците, барем засега, немаат намера да отстапат.

Земјоделците од северозападна Грција во близина на Лерин, со тракторите стигнаа до граничниот премин Ники (Меџитлија) кон нашата земја и кусо го блокираа сообраќајот.

Блокади има низ цела Грција но и на другите гранични премини, Промахонас кон Бугарија затвори околу 13 часот по локално време за сообраќај и за влез и за излез од Грција, а трактори се паркирани и на преминот Кипи кон Турција, каде што не се пропуштаат камиони.

Во внатрешноста на Грција, кај месноста Никеа во близина на Лариса има околу 1.800 трактори и затворен автопатот Солун-Атина, кај градот Кардица во блокот учествуваат над 2.000 трактори, а блокада има и на излез од Солун во правец кон Атина.

На повеќе локации каде што се блокадите, земјоделците поставија и новогодишни елки, што во Грција се толкува како порака дека нема да отстапат и доколку е потребно, празниците ќе ги поминат на улица.

Грчките земјоделци, протестите ги започнаа во неделата, најавија постепено интензивирање до 5 декември, а засега нема информации до кога ќе траат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

82-годишник почина по кавга за лежалка во…

Неверојатна трагедија се случила рано утрово на…

Два земјотреси се регистрирани денес во Грција

Два посилни земјотреса беа регистрирани во Грција…

Во Кожани ќе се гради ДАТА ЦЕНТАР…

Еден од најголемите центри за податоци во…

Турција и Грција ја освојуваат Месечината

Турција планира да го испрати својот прв…

Напад од диво животно на Халкидики: Шакал…

Дете на возраст од околу пет години…