Грчките земјоделци со трактори ќе протестираат во Солун во исто време кога Мицотакис ќе зборува за економијата на земјата
Грчките земјоделци најавија нов протест на 5 септември во Солун, каде со трактори ќе се соберат во центарот на градот, кај Белата кула.
Протестот е закажан за денот на отворањето на 90. Меѓународен саем во Солун, неколку часа пред традиционалното обраќање на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој се очекува да ги претстави економските приоритети и плановите на Владата.
Одлуката за мобилизацијата била донесена на состанок на Панхеленскиот комитет на земјоделските блокади во Неа Малгара. Во протестот се очекува да учествуваат земјоделци од повеќе региони, а најавено е присуство и на сточари, пчелари и рибари.
Главните причини за незадоволството остануваат високите трошоци за гориво и електрична енергија, поскапувањето на ѓубривата, сточната храна и другите репроматеријали, како и проблемите со исплатата на субвенциите и обесштетувањето.
Земјоделските организации сметаат дека производствените трошоци растат побрзо од приходите и предупредуваат дека за дел од производителите земјоделството станува економски неодржливо.
Новата мобилизација следува по повеќемесечните протести и блокади кои започнаа кон крајот на 2025 година и продолжија на почетокот на годинава. Во тој период беа блокирани повеќе патишта и гранични премини, меѓу кои и Евзони, што предизвикуваше проблеми и за патниците од Македонија.
Засега нема најава дека на 5 септември ќе биде блокиран граничниот премин Евзони. Во Солун, сепак, се очекуваат засилени безбедносни мерки и можни ограничувања во сообраќајот поради протестот и отворањето на Меѓународниот саем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц ја отфрли можноста за оставка
Германскиот канцелар Фридрих Мерц вечерва објави дека…
Проди: Ако АфД ја преземе власта во…
Поранешниот италијански премиер и претседател на Европската…
Трамп: Триумфалната капија ќе стане платформа за…
Американскиот претседател Доналд Трамп планираната огромна триумфална…
АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…
Загинатата 17-годишна девојка во несреќата кај Битола…
Седумнаесетгодишната девојка која го загуби животот во…