Грчките фармери ја одбиваат понудата за дијалог со владата
Неизвесно останува дали утре ќе се одржи најавената средба меѓу грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и претставници на земјоделците, кои со месеци протестираат поради тешката економска состојба во секторот. Дел од земјоделските здруженија веќе најавија дека нема да учествуваат на разговорите, оценувајќи дека начинот на кој владата го организира дијалогот дополнително ги продлабочува поделбите меѓу нив.
Од т.н. „Сегрчки комитет“, кој ги координира блокадите на патишта, пристаништа и гранични премини, соопштија дека 57 од вкупните блокади нема да испратат свои делегации. Тие сметаат дека инсистирањето владата да разговара со земјоделците во две одделни групи од по 20 претставници, со учество на организации што се одвоија од заедничкиот комитет, е обид за разединување на протестното движење.
Вицепремиерот на Грција, Костис Хадсидакис, оцени дека е „незамисливо“ дел од агросиндикалците да одбијат дијалог и нагласи дека можностите за дополнителна финансиска поддршка се ограничени и од државниот буџет и од политиките на Европската унија. Според него, владата од почетокот имала умерен пристап, свесна за реалните проблеми во земјоделството и со цел да се овозможи разговор.
Тој додаде дека предложените две одделни средби се резултат на тоа што дел од земјоделците не сакаат да седнат во иста просторија со другите, поради влијанието на партиската политика врз протестите. Хадсидакис истакна и дека владата веќе исплатила 3,8 милијарди евра за помош за 2025 година и дека во голема мера се исполнети 20 од вкупно 27 барања на земјоделците.
Портпаролот на грчката влада, Павлос Маринакис, порача дека во моментов не се планирани нови мерки надвор од веќе најавените. Тој потсети дека Грција е единствена земја во ЕУ каде што селата веќе две години имаат електрична енергија по ниска и фиксна цена, од што корист имаат околу 160.000 рурални семејства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…