ГТЦ се соочува со тужби и проблем да ги издаде дел од дуќаните
Градскиот трговски центар (ГТЦ) брои загуби. Мината година ја завршил со минус од 18.381.098 денари (298 илјади евра).
Сепак во однос на претходната година загубата е намалена. Вкупните приходи на компанијата изнесуваат 268.929.218 денари, додека расходите изнесуваат 287.310.316 денари.
„Отежната наплата на побарувањата ја загозува ликвидноста на Друштвото“, стои во финансискиот извештај на ГТЦ.
Оттаму додаваат дека тоа го отежнува работењето.
„Поради ова принудени сме со остатокот од средствата да певеземаме само основни активности за одржување и вложување- реконструкции на застарени инсталации, опрема и мали градежни работи за реновирање“, објаснуваат од ГТЦ во извештајот.
Тешко оди и издавањето на дуќаните.
„Поради неатрактивните локации на неиздадени деловни објекти и покрај повеќекратното огласување нема заинтерисраност“, пишуваат од ГТЦ во извештајот.
Приходите од паркилашите на ГТЦ лани изнесувале 683 илјади евра и се зголемени во однос на претходната година за 26%.
Компанијата се соочува со тужби и судски решенија за нерешени имотно правни спорови, барање за корекција на квадратура, големи должници отидени под стечај, ликвидација или со блокирани сметки.
Бројот на вработени, лани бил намален на 196 или за десет помалку од претхдната година. Намалување на вработените има во повеќе сектори, освен во кабинетот на извршниот директор, кој лани броел пет лица а претходната година биле двајца.
Од вкупната површина на ГТЦ која изнесува 119,630 квадратни метри речиси 30 отсто е продадена на приватни сопственици.
За плати и надоместоци за вработените лани се потрошиле нешто помалку од два милиои евра. А за привремени вработување биле потрошени уште 230 илјади евра.
Уште 16 илјади евра биле потрошени за надоместоци за одбор на директори, трошоци за телефон и други трошоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…
(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…
Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…