Објавено на:

Губи население: Пад на бројот на населението во Кина, втора година по ред

t

Бројот на население во Кина втора година по ред бележи пад. Рекордно ниската стапка на наталитет и бранот на смртност од Ковид-19 после завршувањето на строгите карантини се клучни за забрзувањето на падот, што, судејќи според се, ќе има длабоки долгорочни последици на потенцијалот за раст на економијата.

Националниот завод за статистика соопшти дека вкупниот број на луѓе во Кина паднал за 2,08 милиони, или 0,15%, на 1,409 милијарди во 2023 година.

Тоа е значително поголем пад од оној од 850.000 во 2022 година, прв од 1961 година, за време на Големата глад во ерата на Мао Це Тунг.

Кина забележа драматичен пораст на Ковид низ целата земја на почетокот на минатата година, после три години строги прегледи и карантински мерки, кои вирусот во голема мера го држеа под контрола се додека властите ненадејно не ги укинаа ограничувањата во декември 2022 година.

Вкупниот број на смртни случаи минатата година се зголеми за 6,6%, на 11,1 милиони, при што стапката на смртност достигна највисоко ниво од 1974 година.

Бројот на новородени е намален за 5,7%, на 9,02 милиони, а стапката на наталитет беше рекордно ниска и изнесуваше 6,39 родени на 1.000 жители, во споредба со стапката од 6,77 родени во 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затворен е воздушниот простор над Обединети Арапски…

Воздушниот простор на Обединетите Арапски Емирати моментално…

Иран ги напаѓа американските воени бази во…

Ал Џезира, радиодифузерот со седиште во Катар,…

Макрон вели американските напади на Иран се…

Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека немало…

Кичевско риболовно друштво организираше хуманитарен настан за…

Риболовното друштво „Хантер Фиш Кичево“ организираше куманитарен…

Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети

Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…