Гугл контра Врховниот суд: Вработените ако сакаат, може да одат да работат во земји каде што абортусот е легален
После одлуката на Врховниот суд на САД практично да го поништи универзалното право на легален абортус, Фиона Чикони, директорката на Гугл, испрати мејл до вработените во кој ги информира за реакцијата на компанијата на оваа пресуда.
Во е-поштата се вели дека вработените во Гугл можат „да поднесат барање за преместување без никакво објаснување“ и дека властите на компанијата ќе бидат „свесни за ситуацијата“ кога ќе ги обработат нивните барања.
Одлуката на Врховниот суд не го прави абортусот незаконски на федерално ниво. Наместо тоа, одлуката е препуштена на поединечни федерални влади. Бројни сојузни држави веднаш ги ограничија правата за абортус, како што се Луизијана, Мисури и Кентаки. Други држави, како Калифорнија, каде што е седиштето на Гугл, ветија дека ќе го заштитат правото на абортус во нивните граници.
Еве го писмото во целост:
„Утрово Врховниот суд на САД донесе пресуда со која практично го поништи универзалното право на абортус. Ова е радикална промена за нашата земја и значително ќе влијае на животот на многумина, особено на жените. Секој ќе реагира на свој начин, но ве молиме внимавајте како се чувствуваат вашите колеги и се однесуваат едни со други со почит.
Праведноста е составен дел од нашиот бизнис и ние сме многу загрижени за тоа како оваа одлука ќе влијае на животот и здравјето на нашите вработени. Ќе настојуваме да обезбедиме информации за репродуктивното здравје на сите наши платформи и да осмислиме дополнителни механизми за заштита на приватноста на корисниците.
Со цел да ги задоволиме потребите на нашите вработени, би сакале да ве информираме дека здравственото осигурување на компанијата покрива медицински процедури извршени во други сојузни држави.
И вработените во Гугл можат да аплицираат за преместување без никакво објаснување, а оние кои го следат процесот ќе бидат свесни за ситуацијата. Доколку ви треба дополнителна поддршка, нашиот консултативен центар ви стои на располагање, а во наредните денови ќе организираме сесии за поддршка на „Googlers“ низ САД.
Слободно потпирајте се на заедницата на Гугл и не двоумете се да побарате помош. И секако, грижете се еден за друг“.
Писмото доаѓа по најавите на други технолошки гиганти, како Мета и Амазон, дека ќе им платат на вработените за абортуси во други држави, вклучувајќи ги и патните трошоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…
Бајден одобри пакет воена помош за Тајван
Американскиот претседател Џо Бајден одобри нов пакет…
Зеленски: Европа не може да ја спаси…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Европејците…
Бајден: Секако дека ќе присуствувам на инаугурацијата…
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе…