Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на продолжен викенд!
Празничниот продолжен викенд донесе зголемен метеж на граничните премини во земјава, при што голем број граѓани решија слободните денови и сончевото време да ги искористат за патување кон Грција, објави 4news.mk Најголем притисок се бележи на премините Богородица и Табановце, каде во изминатите 24 часа поминале илјадници патници.
Според податоците од МВР, на граничниот премин Богородица, во периодот од 09.04.2026 од 12:00 часот до 10.04.2026 од 12:00 часот, излез од државата оствариле 6.864 македонски државјани, додека влез во државата имале 1.394 лица. Во истиот период, 4.753 странски државјани влегле, а 5.070 ја напуштиле земјата.
Огромен број патници се регистрирани и на преминот Табановце, каде излез од државата оствариле 9.150 македонски државјани, додека влез имале 3.158. Според МВР, странските државјани кои влегле во земјата биле 7.360, а ја напуштиле 5.449 лица.
На граничниот премин Дојран, 546 македонски државјани ја напуштиле државата, додека 241 влегле. Во истиот период, 1.212 странски државјани влегле, а 1.114 ја напуштиле земјата.
На Меџитлија, пак, 832 македонски државјани излегле од државата, додека 129 влегле. Во однос на странските државјани, 3.347 влегле, а 3.038 ја напуштиле земјата.
Од МВР информираат дека со почетокот на целосната имплементација на системот за влез во Европската унија (EES) се воведува нов дигитализиран начин на евиденција на патниците од земји што не се членки на ЕУ. Системот овозможува електронско регистрирање на влез и излез, како и обработка на биометриски податоци, со цел поефикасна контрола на дозволениот престој во рамки на правилото „90 дена во период од 180 дена“.
Од полицијата додаваат дека се преземени сите мерки за обезбедување непречен проток на патници и засилен надзор на граничните премини во текот на празничниот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени…
Земјотрес со јачина од 7,4 степени според…
Над еден милион патници влегле во Грција…
Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица…
Вработен во Итна помош со остар предмет…
Вработен во Итната медицинска помош агресивно се…
ЦУК: Активни три пожари во Македонија
Денеска до 13 часот регистрирани се вкупно…
Камионџиите од Западен Балкан утре на средба…
Превозниците од Западен Балкан утре во Скопје…