Објавено на:

Гутереш: Во овој момент нема можност за преговори за мир во Украина

t

Генералниот секретар на ОН денеска во интервју за шпански Ел Паис оцени дека „во овој момент“ не се можни мировни преговори за завршување на војната во Украина.

„За жал, не мислам дека во моментов се можни мировни преговори“ и „Не гледам никаква можност за постигнување глобален прекин на огнот “, рече Антонио Гутереш во тој разговор.

„Јасно е дека двете страни се целосно вклучени во војната“ и се „убедени дека можат да победат“, рече генералниот секретар на ОН. Сепак, Гутереш нагласи дека се надева оти во иднина ќе биде можно да се доведат Русија и Украина на преговарачка маса.

Денеска Русија го одбележува Денот на победата над нацистичка Германија во 1945 година. Пред илјадници руски војници и политичка елита на Црвениот плоштад во Москва, претседателот Владимир Путин ги обвини западните земји дека организираат „војна“ против Русија и им се заблагодари на хероите што се борат во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…

Полска ги предупреди европските сојузници дека во…