Гутереш од Газа: Доста е од овој „бескрен кошмар“
На светот му е доста од овој „бескрен кошмар“, изјави денеска во Египет, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на влезот во Појасот Газа, каде што војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас трае повеќе од пет месеци. .
„Го кажувам она што го мисли најголемиот дел од светот кој доволно видел. На кого му е доста“, рече Гутереш во изјавата од египетската страна на граничниот премин Рафах со Газа.
„Во Газа, Палестинците се заробени во бескраен кошмар“, додаде тој.
Тој ги осуди уништените објекти, исчезнувањето на цели семејства и цели генерации, како и гладот што му се заканува на населението.
Генералниот секретар на ОН повторно повика на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.
„Ништо не ги оправдува ужасните напади на Хамас на 7 октомври (на Израел). Но, ништо не ја оправдува колективната казна што ја претрпе палестинскиот народ. Сега повеќе од кога било е време за моментален хуманитарен прекин на огнот“, рече Гутереш.
По пет и пол месеци разорна војна, Појасот Газа е под опсада, на работ на глад, во катастрофална хуманитарна ситуација.
Војната избувна на 7 октомври по нападот на Хамас на израелска територија во кој загинаа најмалку 1.160 Евреи и зедоа околу 250 заложници. Од киднапираните заложници се верува дека 130 од нив се уште се во Газа, но дека 33 од нив се мртви, пренесува Бета.
Како одмазда за нападот, Израел вети дека ќе го уништи Хамас, кој е на власт во Газа од 2007 година и започна со напади на таа палестинска територија. Израел, како и САД и ЕУ го сметаат Хамас за терористичка организација.
Во израелската офанзива на Газа од почетокот на војната, според најновиот биланс на Министерството за здравство на Хамас, загинале 32.142 лица.
Во Рафа, шефот на ОН го повика Израел да се заложи за олеснување на влезот на хуманитарна помош во Појасот Газа. Тој исто така го повика Хамас веднаш да ги ослободи киднапираните заложници.
„Во духот на сочувството и муслиманскиот празник Рамазан, време е веднаш да се ослободат сите заложници“, рече Гутереш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Одбор за мир: Нема повлекување на Израел…
Одборот за мир – иницијативата предводена од…
Трамп: Постигнат е договор за разоружување на…
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека…
Израел гради огромен песочен ѕид за да…
Без никаква јавна најава, Израелските одбранбени сили…
Палестински доктор од Газа тврди дека бил…
Случајот со палестинскиот лекар д-р Хусам Абу…