Гутереш од Давос порача кое е единственото решение за светот во овој момент
„Верувам дека можеме да изградиме нов мултиполарен глобален поредок, со нови можности за лидерство и со рамнотежа и правда во меѓународните односи“, рече Гутереш, додавајќи дека единственото решение е „реформиран, инклузивен, вмрежен мултилатерализам“.
Тој нагласи дека мотото на овогодинешниот Светски економски форум (СЕФ) во Давос, „Обнова на довербата“, не е слоган или ПР кампања, туку дека вистинското враќање на довербата бара суштински реформи на глобалното владеење.
„Институциите и рамки на глобалното управување, од Советот за безбедност до системот на Бретон Вудс, беа создадени пред 80 години. Не можеме да изградиме иднина за нашите внуци со систем изграден за нашите баби и дедовци“, заклучи Гутереш.
Годишниот состанок на Светскиот економски форум започна во понеделникот во Давос под слоганот „Обнова на довербата“ и до 19 јануари ќе биде домаќин на повеќе од 100 претставници на земји, сите големи меѓународни организации, 1.000 партнери, како и лидери на граѓанското општество, експерти, младински претставници, социјални претприемачи и новински агенции (вкупно околу 3.000 гости).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светските берзи најавуваат поскапување на храната
Глобалните цени на храната повторно бележат раст…
Мицкоски има две третини во Собранието, не…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека…
Одложено судењето за „Државна лотарија“
“ Главната расправа во судскиот процес за…
Осум кутии докази за случајот „Државна лотарија“:…
Во судската постапка за случајот „Државна лотарија“…
ВИДЕО: Воена состојба меѓу САД и Канада,…
Трговската војна меѓу САД и Канада влезе…