Објавено на:

Гутереш: Состојбата во светот се влошува додека војните стануваат се побројни и посложени

t

Состојбата во светот се влошува додека војните стануваат се побројни и посложени, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупредувајќи дека растечките геополитички поделби го парализирале Советот за безбедност на ОН и ги оставиле најзагрозените во „многу драматични ситуации“.

Гутереш изјави дека вмешаноста на „суперсилите“ и клучните членки на Советот за безбедност на ОН во војните создала криза поради континуираното кршење на меѓународното право.

-Тоа создава средина на неказнивост, во која средно големите сили веруваат дека можат да прават што сакаат бидејќи ништо нема да им се случи, рече Гутереш во пресрет на неговото последно обраќање пред Генералното собрание на ОН во својство на генерален секретар.

Шефот на ОН укажа на реалните последици што војната меѓу Русија и Украина, како и конфликтот на САД и Израел со Иран, ги имаат врз луѓето, особено во поглед на достапноста на храната, растот на цените на горивата и глобалната инфлација.

-Комбинацијата од војната во Украина и проблемите со извозот на храна, вештачки ѓубрива и енергенси преку Црното Море, кога на тоа ќе се додадат тешкотиите во Ормуската Теснина и кај Баб ел Мандеб во Црвеното Море, како и нападите врз нафтените објекти во неколку земји од регионот на Блискиот Исток, создава ситуација што има разорни последици за многу економии ширум светот, рече Гутереш.

Тој додаде дека растот на каматните стапки и цените на горивата во развиените земји со текот на времето може да се стави под контрола, додека луѓето во земјите во развој „се наоѓаат во очајна ситуација“ поради сè повисоките трошоци за енергенси и храна, како и недостигот од вештачки ѓубрива.

Гутереш, кој претходно беше премиер на Португалија и висок комесар на ОН за бегалци, е на чело на Светската организација од 1 јануари 2017 година, а неговиот мандат истекува на 31 декември 2026 година.

Неговиот наследник, чие име сè уште не е познато, ќе ја преземе Светската организација која се соочува со бројни кризи и на која, според мислењето на Гутереш, ѝ се потребни итни реформи за да го задржи своето значење и релевантност на глобалната сцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гутереш: Состојбата во светот се влошува додека…

Состојбата во светот се влошува додека војните…

Мицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк: Македонија…

На панел-дискусија со грузиската заменик-премиерка Мака Ботчоришвили,…

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Рејтингот на Трамп падна…

Рејтингот на поддршка на американскиот претседател Доналд…

Кочанец приведен откако физички го нападнал својот…

Полициски службеници од ОВР Кочани на 20…

Демографската криза во Македонија се продлабочува, во…

Најмногу деца родени во Скопје, ниту едно…