Г.г Стефан: Да размислиме колку Гоце Делчев се гордее со нас
На панихидата на денешното одбележување на 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан истакна дека е крајно време да сфатиме дека Македонија не е само парче земја, ниту само географија, туку библиска земја.
Како шти посочи сите ние треба да размислиме колку Гоце Делчев се гордее со нас.
„Сите заедно треба да размислуваме не само колку ние се гордееме со него, туку и колку и дали Гоце се гордее со нас. Потребно е да се запрашаме колку и дали за достојни родољупци не смета Гоце и колку и дали гледајќи ги нашите поединечни и заеднички дела во нас согледува свои вистински чеда, кои ги чуваат и се подготвени да ги бранат неговите идеали и аманети.На Гоце и на многубројните комити и борци, борејќи се храбро, се дадоа себеси за слободата на Македонија. А што пак даваме ние? Гоце и неговите соборци во Евангелието си заведуваа „Слобода или смрт за татковината“ и на дело ги потврдуваат своите зборови. Колку од нас денес се потготвени да го речат и особено да го исполнат тоа?“ рече г.г. Стефан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…