г.г. Стефан испрати телеграма со сочувство: Патријархот Неофит се покажа како добар пастир и неуморен духовник
Архипископот охридски и македонски г.г Стефан испрати телеграма со сочувство Светиот архијерејски синод на БПЦ Софија.
„Со голема тага ја примивме веста за упокојувањето во Господа на Неговата Светост, Патријархот Неофит.
Блаженоупокоениот Патријарх Неофит, имајќи ја грижата за Црквата, се покажа како добар пастир и неуморен духовник, кој целиот свој живот го посвети во служба на бугарскиот верен народ. Следствено, молејќи се, се надеваме блаженоупокоениот наш брат да најде дерзновение пред Бога, та непрестајно да се моли и застапува за благочестивиот народ во Бугарија, за надградба на Црквата и за зачувување на единството во Православието.
Од Наше, и од името на членовите на Светиот архијерејски синод, свештенството, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, изразуваме сочувство за загубата со упокојувањето на Првојерархот на сестринската Бугарска Православна Црква.
Се молиме Бог да го прости и неговата душа да ја насели меѓу праведниците!“.
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
г. г. Стефан
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Binance првпат се огласи за можниот безбедносен…
Криптовалутната берза Binance, според објава на социјалната…
Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…
„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…
„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…
САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…
Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…
ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…