Г.Г. Стефан и вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе служат заедничка литургија на Духовден?

t

Првото заедничко сослужување на Архиепископот г.г. Стефан и Вселенскиот патријарх е можно на празникот Педесетница, Духовден на 12 јуни. Ова го обелодени директорот на Комисијата за односи со верските заедници во телевизиско гостување кој изјави дека е во тек комуникација меѓу двете цркви за договорање на деталите. Даријан Сотирвоски вели дека идејата е тоа да се случи на празникот Духовден ден кој се смета за роденден на црквата а сослужувањето најверојатно ќе се случи во седиштето на Вселенската Патријаршија.

Потврда дека архиепископот заминува во Цариград се уште нема од Синодот, ниту пак од кого ќе биде придружуван. За овој настан Синодот би требало веќе да има испратено благодатно писмо до Цариград. Сослужувањето практично ќе значи формализирање на одлуката на Вселенскиот патријарх за враќање на канонското единство на Охридската Арихиепископија во православниот свет по речиси два ипол века по нејзиното укинување. Овој чин ќе отвори можност за владиците од останатите цркви да почнат да сослужуваат со македонските владици, што во православниот свет ќе значи и директно нивно признавање на МПЦ-ОА.

Неофицијално, голем број митрополити од различни православни цркви веќе испратиле сигнали до македонските владици дека се подготвени веднаш да почнат со заеднички служби кога тоа ќе биде потребно и најсоодветно. Меѓу нив има епископи од Романската, Бугарската, Грчката, Албанската, Александриската православна црква. Но најверојатно тоа ќе се случи откако поглаварите на МПЦ-ОА и на Вселенската Патријајршија ќе ја отслужат првата заедничка литургија. Иако поминаа неколку дена откако е објавена одлуката на Цариград, СПЦ се уште молчи. Од недела ќе почне Соборот во Белград, каде се очекува да се зборува за прашањето со МПЦ, како ќе продолжат преговорите по насоките на Вселенската патријаршија за конечна автокефалност на МПЦ-ОА.  

Извор: Сител

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вартоломеј повика на заеднички датум за празнување…

Севселенскиот патријарх Вартоломеј денеска ги повика сите…

(Документи)Македонската Православна Црква ќе се преименува, не…

Бидејќи се поделивме по сите основи, без…

Вселенскиот патријарх ја нападна Руската православна црква:…

Духовниот водач на православните христијани денеска изјави…

Вселенскиот патријарх на македонски јазик им го…

Вселенскиот патријарх Вартоломеј, денеска го објави Божиќното…

Борисов го замоли Вартоломеј со молитва за…

Трите влади, раководени од мене вложија напори…