Објавено на:

Г7 ќе ослободи 100 милиони барели од резервите за да го ублажи растот на цените на горивата

t

Лидерите на Г7 договорија координирано ослободување на 100 милиони барели преку Меѓународната агенција за енергија, со цел да ја стабилизираат понудата и да го намалат притисокот врз домаќинствата и компаниите. Одлуката е објавена во заедничко соопштение на веб-страницата на францускиот претседател Емануел Макрон.

Ослободувањето ќе започне веднаш и ќе се спроведува во период од четири месеци. Планот предвидува значителни количества дизел да бидат пуштени на пазарот во првите 20 дена, а во наредните денови ќе се разгледува можноста за дополнително користење на резервите на ова гориво.

Мерката е заедничка обврска на членките на Г7 и партнерите, а не ослободување на 100 милиони барели само од француските резерви. Во соопштението таа е поврзана со исполнувањето на претходните обврски од март, земајќи ги предвид веќе ослободените количества.

Покрај користењето на резервите, земјите ќе ги координираат ремонтите на рафинериите за да избегнат истовремено намалување на преработувачките капацитети. Таму каде што е изводливо, ќе се зголеми искористеноста на рафинериите, со посебен акцент врз производството на дизел.

Лидерите се обврзаа и да се воздржат од ограничувања на извозот на енергија меѓу земјите на Г7, предупредувајќи дека ваквите забрани можат дополнително да ги влошат пазарните тензии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните чуваат 7,4 милијарди евра во банките,…

Граѓаните во земјава чуваат 7,4 милијарди евра,…

(Видео) Редици српски граѓани пред експозитурите на…

Редици српски граѓани застанаа пред експозитурите на…

МВР откри интернет измама со стотици оштетени…

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика…

Кражбата на 6,3 милијарди долари од Binance:…

Се сомнева дека Северна Кореја стои зад…

Вучиќ на „Информер“: Ако штрајкувам со глад,…

Александар Вучиќ во гостување на „Информер ТВ“…