Давитковски: Ако сакаше власта досега ќе ги затвореше бугарските клубови!
Според професорот Борче Давитковски нема политичка волја да се затворат бугарските здруженија во Македонија,.
Тој тоа го изјави во врска со битолското здружение „Иван Михајлов“ и охридското „Цар Борис Трети“ на кои македонската јавност бурно реагираше имајќи предвид дека носат скандалозни називи и истите се со спорни статути во кои се величаат соработници на фашизмот.
– Нема политичка волја. Ако сакаше власта веќе ќе ги затвореше клубовите, затоа што и актуелниот Закон за здруженијата не дозволува регистрација на организиации што промовираат национална и верска нетрпеливост. Според Законот, надзор на неговото спроведување врши Министерството за правда. Ако во Министерството има кадарни луѓе, не зборувам за министерот, туку за секторот што работи со невладините организации, ако тие го прочитале законот и ако се кадарни веднаш со решение требаше да му наложат на Централниот регистар да го поништи уписот на здруженијата додека не се исправат спорните моменти во документацијата – вели професор Давитковски за „Утрински печат“.
Професорот објаснува дека секое здружение кога оди да се регистрира во Централниот региостар приложува одлука за основање, статут и програма за работа за една година и Централниот регистар ги разгледува тие три составни елементи.
– Во Централниот регистар може да знаат, може да не знаат да ја проценат содржината, но ако е повреден член 4 став 2 од Законот за здруженијата, при вршење на надзорот Министерството за правда требаше со решение да ги избришат двете здруженија – вели Давитковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…