Далиќ: Пресреќни сме, Модриќ и понатаму ќе игра за Хрватска!
Селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ, денеска го објави списокот фудбалери на кои ќе смета за претстојниот настап во Лигата на нации, а на кој, на огромна радост на сите во земјата, е и капитенот Лука Модриќ.
Хрватска првиот натпревар ќе го одигра против Португалија (5 септември) во Лисабон, а три дена подоцна ќе ги пречека Полјаците во Осиек, додека во групата уште е и Шкотска.
„Лигата на нации ќе ни биде добра платформа да создадеме тим кој ќе се квалификува за Светското првенство во 2026 година. Во споредба со годинешното ЕП, останавме без двајца ветерани, Вида и Брозовиќ, но затоа сите сме среќен што капитенот Модриќ останува со нас – Лука е нашата голема сила на теренот и надвор од него“, изјави Далиќ.
Модриќ по лошиот настап на „коцкестите“ на континенталниот собир во Германија најави заминување во пензија, но откако го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една сезона реши да продолжи да игра и за Хрватска без разлика што е пред влез во петтата деценија од животот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британски „Тајмс“: „Првиот куршум е за тебе“…
Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ наводно размислувал…
Напад со дронови во Црното Море кај…
Бродот што беше нападнат со дронови во…
Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста…
Денес се празнува Светиот маченик Лонгин
Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. По…