Дали да плачеш, или да се смееш: Естонија за Божиќ ѝ подари мобилна сауна на украинската војска
Естонците уште повеќе ја зајакнаа поддршката за украинската армија – за Божик војниците ќе добијат преносна сауна, јави ДПА.
Парната соба, поставена на воено возило, неодамна и беше предадена на украинската армија заедно со туш и перална поставена на два други камиони, се вели во извештајот на естонската јавна радиодифузна компанија и неделникот Малехт.
„Тоа е комплекс од три дела што и овозможува на војската да оди во сауна, потоа да се тушира и да се одмори, а во исто време може да ја испере и исуши својата облека, појасни креаторот на сауната Сим Нелис“, додавајќи дека тоа е многу важно за нивното ментално и физичко здравје.
Подарокот први ќе го добијат украинските волонтери кои се на фронтот од март. Објектот може да се преместува од место до место и да се покрие со камуфлажна мрежа за да се избегнат руските напади.
Сауната и пералната ќе бидат доволни за околу 400 воени лица неделно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…