Дали еден од клучните луѓе на Мицкоски е сопственик на фабрика за канабис заедно со партнер со руски капитал?

t

Со корупција се соочува секоја држава, дури и оние кои имаат многу низок степен на корупција, немаат нула корупција, вели потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за Фокус. Според него тоа е прашање на коешто во континуитет треба да се работи. Тој додаде дека од друга страна, во 30 години независност не постоеле случаи кога високи владини функционери одговарале кога нивната партија е на власт.

– Кога специјален јавен обвинител, одговарал додека бил на позиција? Тоа се работи коишто првпат се случија во мандат на СДСМ. Сметам дека тоа сериозно ја подобрува ситуацијата со корупцијата. Далеку е од решена и искоренета. За корупцијата треба да се зборува јавно и гласно. Опозицијата пред да го прави тоа треба да погледне кај себе. Тие обвинуваат за плацеви, парцели и ниви, а токму нивни луѓе се организатори на „Делчевски ниви“. Претходно истите тие луѓе обвинуваа градоначалници на СДСМ, а сега нивните градоначалници се фатени со рацете во медот, вели Богоев.

Тој во интервјуто отвори сомнежи и за можна поврзаност на раководството на ВМРО-ДПМНЕ со бизнисот со одгледување канабис.

-ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше и критикуваше за одгледување марихуана за масло од канабис. Дали е точно дека играчи блиски до ВМРО-ДПМНЕ, вмешани во „Делчевски ниви“ во највисоките ешалони се вмешани и во фабрика за одгледување канабис? Фабриката се наоѓа во општина Петровец. И дали еден од клучните луѓе блиски на Мицкоски, кои е вмешан и во „Делчевски ниви“ е еден од сопствениците, а другиот сопственик е Русин со руски капитал? И дали по ширење на оваа работа низ политичките кулоари, човекот се повлече од сопственичката структура и остави негови блиски да ја водат работата? Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за овие работи. Како и досега, битката со корупцијата ќе ја продолжиме. Тука се важни и коренети промени во правосудството. Очекувам дека за брзо СДСМ и Владата ќе излезат со конкретни активности и пакет за реформи, кажа Богоев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…

Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…

Македонскиот фудбал денеска го погоди тажната вест…

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…

„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…

Потресна исповед на семејство од Загреб открива…