Дали знаете дека постоел остров долг 3 километри во реката Вардар?
Дали знаете дека постоел остров долг 3 километри во реката Вардар?
Овој податок кој беше објавен во фејсбук групата „Патувања низ Македонија“ не го знаат и многумина скопјани…
-Според некои записи, островот се наоѓал некаде во близина на Градски парк, помеѓу француските гробишта и стадионот Градски, кој во тоа време не постоел на таа локација. Според други записи островот бил позади Зоолошката градина.
Овој остров бил долг 3 км. Тоа било во периодот пред Втората светска војна.
На овој остров имало коњски трки во 1932 година. Зорица, Кармен, Ружа, Дидо, Треф, Галопина, Изонда и Цимер биле најпопуларните коњи на трките, кои со други коњи се тркале за награда од 1.200, 600, 300 и 150 динари. За влез на островот да се гледаат трките се наплаќало за влез, а таму имало и трибини за посетителите да гледаат, но тие што не можеле да платат билет, гледале од ридот кај француските гробишта, се појаснува во оваа интересна фејсбук група.
Фото: Патувања низ Македонија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…
Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…
Терористот од Краков почина во болница
Михал Оксински, кој уби шест лица во…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Денес се празнува Светиот маченик Нестор
Во времето на страдањето на Св. Димитриј…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…